Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Груевски: Нашиот фокус да ја трансформираме македонската економија со инвестиции донесе конкретни резултати

Таравари: Нападот на наставниците во гостиварската гимназија досега невиден настан
Османи: Имплементацијата на планот 3-6-9 ги надмина и најоптимистичките прогнози, оче..
Нови рочишта за „Т.Н.Т“, „Транспортер“ и „Тендери“
Коѕијас - Димитров: Уште неколку спорни, но најтешки точки

Македонија

Груевски: Нашиот фокус да ја трансформираме македонската економија со инвестиции донесе конкретни резултати
akademija_1.jpg


Владата која што ја предводев од 2006 до 2016 беше фокусирана на ЕУ-интеграциите. Во овој период добивме неколку позитивни препораки за отворање на преговорите од страна на Европската комисија, но за жал поради билатералниот проблем со Грција, процесот не започна.

Ова денеска го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој е во оставка, на „Академија за млади лидери – дијалог за градење силно општество“ во организација на подмаладокот на партијата – Унијата на млади сили.

– Нашиот фокус да ја трансформираме македонската економија низ привлекување странски директни инвестиции, скратување на административните процедури, стимулирајќи го внатрешниот раст и бенефициите за младите претприемачи, донесоа конкретни резултати, рече Груевски.

Според него, способноста на политичките лидери да прават добро е неограничена, особено за прашања што се важни за граѓаните.

– Вредностите на нашата десноориентирана идеологија треба да се прилагодат на потребите на современото глобално општество. Тоа значи да се работи заедно, да се споделуваат идеи и да се креираат политики за посилна и инклузивна Европа, порача Груевски.

На академијата што се одржува од 14-17 декември во Скопје, учествуваат над 50 млади политичари од Европа, кои се членови на ЕДС, подмладокот на Европската народна партија (ЕПП) 

 16.12.2017, 22:38  | A.Z. | 54

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

5443
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.