МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Бошњаковски: Алатката за отчетност на министрите ќе биде ажурирана
Поднесено обвинение за обид за убиство во Батинци
ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Талат Џафери и директорот на Службен весни..
Поништен огласот за именување членови на Антикорупциска, новиот состав според новиот ..
Македонија
Постои добра атмосфера за решавање на спорот со Грција

Постои добра атмосфера за решавање на спорот со Грција

сабота, 16 декември 2017, 22:32ч.   |   A.Z.

Има реална можност и очекувања во Брисел дека ќе напредуваме во односите догодина. Ги имате реформите кои мора да се завршат, што зависи целосно од земјата и го имате проблемот со името, кој исто мора да се реши. Гледаме прозорец на можности за решение следната година, кога и во двете земји нема избори, вели евроамбасадорот Самуел Жбогар во интервју за ТВ 24.

- Секогаш е добро да се биде оптимист, отколку да сте депримирани и да кажете дека не можете да направите ништо. Секогаш подобро се завршува работата ако им пристапите на проблемите и предизвиците со оптимизам. Од таа гледна точка мислам дека премиерот има право. Има реална можност и очекувања во Брисел дека ќе напредуваме во односите догодина. Ги имате реформите кои мора да се завршат, што зависи целосно од земјата и го имате проблемот со името, кој исто мора да се реши. Кога ќе погледнете на спорот со името со Грција мора да сфатите дека еден од основните принципи на ЕУ се добрососедските односи. Веројатно, во иднина во стратегијата ќе бараме од сите земји во регионот да се фокусираат на добрососедските односи, рече Жбогар.

Тој додава дека овде Владата започна добро да ги решава проблемите со соседите, потпишувањето на договорот со Бугарија, кој вели, беше добра одлука и сега се фокусирате да го решите спорот со Грција.

- Гледаме добра волја на обете страни за да се подобри атмосферата и таа се подобрува и таа ќе го олесни справувањето со ова чувствително прашање. Ги разбирам емоциите околу ова прашање, како и грижите и фрустрациите околу овој спор. Но, мора да се запрашате начинот на кој се справувавте со ова во минатото, дали ја зајакна државата? Дали државата доживеа прогрес? Ако одговорот е „не“, тогаш дали сега е шансата барем да се проба да се реши проблемот. Шанса е зашто меѓу земјите - членки владее возбуда дека можеби можеме да ја придвижиме оваа земја напред зашто гледаме и ангажман и подготвеност од Грција, гледаме подобра атмосфера, и го гледаме овој прозорец следната година, кога никој нема избори, и можеби ќе може да се фокусира на ова прашање, појаснува Жбогар.

Владата, посочува Жбогар, изгледа спремна за ангажирање во разговори и воедно додава дека нема гаранции дека тие ќе се успешни, но, вели, ако не се обидете нема да успеете.

- Среќата е на страната на храбрите, па мислам дека мораме да сме трпели и да видиме. Досега имавме само една средба, мораме да почекаме што ќе излезе од тоа, но, имаше една важна забелешка која ја спомна вашиот шеф на диппломатијата пред некое време: за да напредува вашата земја не може да ја заобиколи Грција, ниту без неа, туку само со активна поддршка на Грција. Ова е важна забелешка, потребна ни е активна поддршка од Грција за да напредувате. Потребна ви е Грција како пријател. Со ваквиот пристап не мислам дека треба да се компромитирате по важните прашања, тоа им го препуштам на вашите преговарачи. Но, ако се сфати дека со Грција, како сега со Бугарија е најдобриот начин за да се постигне напредок, е важно и е чекор напред кон решение на спорот, порачува евроамбасадорот Самуел Жбогар.  

© ЖУРНАЛ    ~99,33

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
Бучковски: Законот за амнестија ќе му пресуди на Заев
ОМД: Поништена резолуцијата за поддршка на преспанскиот договор во американскиот Сенат
Бучковски: СДСМ ќе освои 100.000 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.