Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Претседателските места на општинските совети ја закочија реконструкцијата на Владата

Великов Петков: Бугарија ја поддржува Македонија за влез во ЕУ
Средба меѓу Ципрас и Заев во Давос
Законот за јазици е пред Иванов - Внимателно ќе решава за вето
Донесениот Закон за јазиците предвидува двојазични униформи, печати, поштенски марки,..

Македонија

Претседателските места на општинските совети ја закочија реконструкцијата на Владата
_4369.jpg

За реконструкција на владата почна да се говори откако министеерот за здравство Арбен Таравари одлучи да се кандидати за градоначалник на Гостивар, функција која и ја доби. Така едното испразнето место во владиониот состав ја отвори темата за смени во Владата.

Но, тоа трае веќе од септември. Се чекаше да завршат локалните избори но поминаавеќе два месеци и од локалните избори, но пополнување на местото нема, туку има многу информации во тн. сива сфера за реконструкција на Владата. Како на пример дека здравството ќе го преземе СДСМ, а Алијансата за Албанците на Зијадин села ќе добие вицепреиерско место и министер без ресор.

Партиски извори за Журнал.мк велат дека целата работа во врска со составот на Владата нема да финишира додека не се наредат коцките на локално ниво. Причината е велат што математиката на ДУИ и СДСМ не може да се реализира до крај како што било договарано. Практично станува збор за местата на претседателите на советите на некои општини.

За кои општинси станува збор?

Во Тетово, ДУИ и ветил на ДПА дека ќе го добие претседателското место на општината. Тоа е услуга за поддршката што ја добија од ДПА во Тетово за избор на градоначалник.

Но, што се случува?

Аднан Биљали од Демократската партија на Албанците (ДПА) не е законски избран за претседател на Советот, соопшти Општина Тетово.
Општинската администрација утврдила дека изборот на претседател на Советот не е во согласност со член 47 став 2 од Законот за локална самоуправа и член 19 став 1 од Деловникот за работа на Советот на Општина Тетово.

- Поради ова, општината сѐ уште нема избрано претседател на Советот, се вели во соопштението.

Биљали беше избран од страна на 15 од 30 советници, поради што уште веднаш претставниците на Алијанса на Албанцитe и БЕСА реагираа дека ваквиот избор е нелегитимен. На втората седница на Советот гласале 8 советници од ДУИ, 3 од ДПА, 3 од СДСМ и една советничка на Демократата партија на Турците. Четворица советници на Алијанса на Албанците и пет од БЕСА гласаа против и реагираа на нелегалниот избор на Билали.

- Реагираме затоа што со недоволен број на советници е избран претседател на Советот. Бидејќи според член 19 од деловникот на Советот, за претседател може да биде избран кандидат кој добил мнозинство од вкупниот број на на членови на Советот. Гласаа 15 советници, а од 31 советник, тоа не е 50 отсто плус еден. Денес дури имавме 30 советници, но сепак не е доволен број за да се избере. Требаше да се избере со 15 плус еден, за да биде легален изборот, рече советникот Ариф Сељами.

Биљали истакна дека постапката била според законската регулатива. Тој објаснува дека советник од БЕСА нема верифицирано мандат и дека затоа се избрал претседaтел со 15.

- Постапката беше според законот за локална самоуправа и статутот на општината и правилникот за работа на советот на општина Тетово. На еден советник не му е верифициран мандатот и затоа претседателот е избран со 15 гласа. Координацијата на советничките групи беше причина дури по еден месец да дојде по изборот. Секоја партија има своја желба, па затоа се одолговлекуваше работата, но очекувам побргу да оди, фомирањето комисии, буџетот и се друго во интерес на граѓаните, изјави Билали.

Петмината советници на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по изборот на комисијата за избор и именување, ја напуштија седницата и не учествуваа во изборот на претседател на Советот.

Каков е составот во тетовската општина на Советот. СДСМ има 3 советници, ДУИ 9, ДПА 3, Беса 6, Алијансата 4 и ВМРО-ДПМНЕ 4. Гласовите во оваа општина се групираат на овој начин или договорот е направен меѓу СДСМ, ДУИ и ДПА.

Следна општина е Гостивар. Претседателско место на Советот го доби ДУИ, но ослуката беше обжалена од градоначалникот АрбенТаравари, и истата беше прифатена и нема претседател на Совет.

Каков е составот на силите во Гостивар? ВМРО-ДПМНЕ има 4 советници, СДСМ 4, Алијансата 7, Беса 2, ДУИ 9, Весел Мемеди и неговата НДП 2 места и двете турски партии имаат три советнички места.

Струга исто така кубури или нема претседател на Советот. Таму распоредот на сили е следен Алијансата има 8 советнички места, СДСМ, 7, ДУИ 6, ВМРО-ДПМНЕ 4, Беса 2. Од една страна се групирања меѓу ДУИ и СДСМ, а од друга Алијанса, Беса и ВМРО-ДПМНЕ.

Во Чаир ДУИ ветил претседателско место на оопштината на СДСМ, но и таму не излегува матемитаката која вели ДУИ има 9 советнички места, Алијансата 2, ВМРО-ДПМНЕ 4, СДСМ 4, Беса 8. Договорот е меѓу СДСМ и ДУИ но тие имаат 13 гласа, а од другата страна се 14 гласа. Знали и тука мора пазар со другите, есапот на ДУи и СДСМ не излегува.

Оттука велат партиски извори додека не се решат овие работи на локално ниво, нема да има обкава и што се случува на државно ниво односно во Владата.

 

 


 

 16.12.2017, 00:11  | A.Z. | 194

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

44686
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.