Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Триесет проекти за намалување на загадувањето

Пендаровски: Грција нема да го прекрши Договорот
Шекеринска за "Different": Македонија се извлече од Балканската кал, граѓаните немат ..
Ангелов: Саздо не го убија Албанци, го убија три свирепи, злобни и сурови лица
Димовски: За избор на ДИК треба политичко усогласување

Македонија

Триесет проекти за намалување на загадувањето
_4368.jpg

Триесет проектни предлози пристигнале на јавиот повик за финансирање проекти за намалување на загадувањето на воздухот „О2 предизвик“ на Фондот за иновации и технолошки развој, од кои 27 се потполни. Селекцијата на проектите почнува в понеделник, а тие што ќе добијат повеќе од 51 бод ќе влезат во финална фаза.

На повикот учествувале 30 микро, мали и средни претпријатија со свои предлог проекти, а 27 од нив имаат потполни апликации. Осум од нив се однесуваат на областите „користење на енергија за греење“ и „транспорт и мобилност“, девет во областа „градежништво и урбани алтернативи“, а две апликации со повеќесекторски пристап.

Фазата на оценување и селекција на проектите започнува во понеделник на 18 декември. Оценувањето ќе го врши Комисија составена од Јован Деспотовски, директор на Фондот, Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и просторно планирање, Јасмина Белчовска од УНДП, Ана Чоловиќ Лешовска од Еко-свест, Татјана Атанасовска – Горздановска од 02 Коалиција, како и две стручни лица од областа на техничкото решение и деловните планови.

Предлог-проектите што ќе добијат повеќе од 51 бод премуваат во финална фаза, каде компаниите ќе имаат можност директно да ги презентираат предложените решенија пред Комисијата (т.н. пичинг).

Вкупниот буџет за повикот изнесува 6.000.000 денари, средства на Фондот за иновации и технолошки развој, обезбедени во Буџетот на РМ.

„O2 предизвик“ беше отворен за аплицирање од 3 до 30 ноември со цел поттикнување на иновативни идеи и акции кои ќе водат кон решавање на проблемот со загадување на воздухот во урбаните средини во Македонија.  

 15.12.2017, 16:13  | A.Z. | 97

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

23487
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.