МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Груби до пратениците: Не се кријте зад народот и не мислите на следните избори
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент
Костадинов: Со иницијатива до Уставен, бранителите на Груевски сакаат да го спасат од..
Томе Аџиев на распит во СЈО за случајот „Моќник“
Регион
Ѓукановиќ: Србите не се дијаспора во ЦГ

Ѓукановиќ: Србите не се дијаспора во ЦГ

петок, 15 декември 2017, 15:59ч.   |   Z.H.

 Претседателот на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ, изјави дека Црна Гора ги почитува неколкувековните пријателски односи со Русија, а нарушувањето на тие односи е рефлексија на изместувањата на глобалната сцена.

 
 
- Во времето на распадот на Југославија, Москва во повеќе наврати го искажуваше пријателството кон Црна Гора, а тоа дојде до израз и во текот на подготовките за обнова на црногорската државна независност. Русија меѓу првите држави ја призна независноста на ЦГ. Тоа се гестови што се ценат и паметат. Одлуката за зачленување во НАТО не беше донесена избрзано и непромислено и зад нечиј грб. Бурните реакции од Москва се одраз на прегрупирањето на силите на глобалната сцена. Три децении по завршувањето на Студената војна, дојде до одмерување на големите сили, а за тие игри Балканот секогаш бил подобен терен. Очигледно, Москва пропушти да согледа дека оваа Црна Гора повеќе не е онаа држава, која наместо по сопствените, ќе тргне по интересите на Србија или на Русија - изјави Ѓукановиќ, во разговорот за весникот „Побједа“.
 
 
За односите со Белград поранешниот претседател на Црна Гора, вели дека „во политиката на Србија се забележува обновен патернализам кон Србите во регионот и кон граѓаните во Црна Гора што национално се декларираат како Срби“.
 
 
- Според моето расудување, каков и да имаат национален или верски идентитет, Србите во Црна Гора не можат да бидат третирани како дијаспора. И тоа не затоа што повеќето од нив станале Срби во политичките процеси на деведесеттите години, туку првенствено затоа што нивните предци се родени во Црна Гора - изјави Ѓукановиќ.

© ЖУРНАЛ    ~93,31

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Уште еден чин во циничната игра за Косово
Србите бараат Европа да го вклучи алармот за она што е најавено за Нова година
Косовска делегација непоканета влета во ОН, а Тачи дури и се сретна со Трамп
Вучиќ за Ројтерс: Ако потпишеме договор со Приштина, ќе мора да добиеме гаранции за влез во ЕУ во 2025
ЉУБОВНА ДРАМА: Скокнал од 13 кат по караница со девојката
СКАПО ПЛАТИЈА ЗА ШЕГА НА ПЛАЖА: Завршија во затворска ќелија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.