Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Хејли Хаселхоф со секси фотосесија ги охрабри жените со облини (Фото)

Таравари: Нападот на наставниците во гостиварската гимназија досега невиден настан
Османи: Имплементацијата на планот 3-6-9 ги надмина и најоптимистичките прогнози, оче..
Нови рочишта за „Т.Н.Т“, „Транспортер“ и „Тендери“
Коѕијас - Димитров: Уште неколку спорни, но најтешки точки

Шоубиз

Хејли Хаселхоф со секси фотосесија ги охрабри жените со облини (Фото)
ke.jpeg

Ќерката на славниот глумец Дејвид Хаселхоф, Хејли сними секси едиторијал за магазинот “Slink”. Таа позираше во долна облека, а како што вели, фотографиите сè со цел да се охрабрат жените да си го сакаат и почитуваат своето тело.

 

 

25 годишната Хејли Хаселхоф, ќерката на глумецот Дејвид Хаселхоф кој се прослави со улогата во серијата “Чувари на плажа”, е новото лице за најновиот број на магазинот “Slink”.

Ја сликаше познатиот фотограф Роберт Агилар . Фотосесијата била во луксузен хотел во Лондон, а Хејли позираше во секси долна облека од тантела. Едиторијалот добил многубројни пофалби.

 

“Навистина е важно да постои магазин кој работи на тоа да им дава самодоверба на жените, модата и облините. Насловната страница на која позирам во долна облека е навистина важен и храбар момент за мене”, вели Хејли.

 

Таа зборуваше и за нејзините несигурности за кои вели: “Сите ние имаме моменти кога сме несигурни за нашето тело, но мораме да го прифатиме и сакаме такво какво што е. Мораме да се сакаме себè си доколку сакаме да стигнеме до местото каде сакаме да бидеме утре”.

 15.12.2017, 15:41  | L.E. | 404

 

© ZURNAL.mk

Aktuelno

 Шоубиз 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

5583
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.