Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

И кралицата Елизабета не ѝ одолеа на Меган, го прекрши протоколот

Одобрено обвинението за Чавков и петмина пратеници
Север: Договорот за името е голем чекор за целиот Балкан
Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција
Ѕанакопулос: Договорот е политичка победа, се решава прашање старо 30 години

Шоубиз

И кралицата Елизабета не ѝ одолеа на Меган, го прекрши протоколот
eli_1.jpg

Кралицата Елизабета Втора ја покани Меган Маркел, свршеницата на принцот Хари, да биде со британското кралско семејство за време на божиќните празници во палатата Сандрингам во Источна Англија , објавија светските новински агенции.

Тоа е девијација од протоколот бидејќи обично партнерите на луѓе од кралското семејство не се дозволени на свеченостите пред да стапат во брак.

Кралицата ги кани своите најблиски роднини во замокот Сандрингам. Тие разменуваат подароци на Бадник, а на Божиќ кралското семејство оди на служба во црквата на територијата на зградата.

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, исто така, ќе бидат во Сандрингем за Божик.

Принцот Хари и Меган Марсел ја објавија својата свршувачка кон крајот на ноември, а ќе се венчаат во мај.

 15.12.2017, 15:39  | L.E. | 703

 

© ZURNAL.mk

Aktuelno

 Шоубиз 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

14894
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.