Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Награда за животно дело за Зафрановиќ на фестивалот за монтажери „Синематик“

Таравари: Нападот на наставниците во гостиварската гимназија досега невиден настан
Османи: Имплементацијата на планот 3-6-9 ги надмина и најоптимистичките прогнози, оче..
Нови рочишта за „Т.Н.Т“, „Транспортер“ и „Тендери“
Коѕијас - Димитров: Уште неколку спорни, но најтешки точки

Култура

Награда за животно дело за Зафрановиќ на фестивалот за монтажери „Синематик“
kino_2.jpg

Скопје, 15 декември- Во Кинотеката на Македонија вечер од 20 часот во рамки на вториот Меѓународен фестивал на филмска монтажа „Синематик“ ќе му биде врачена наградата за животно дело на годинашниот лауреат - познатиот екс-ју монтажер Андрија Зафрановиќ.

Зафрановиќ во 11 часот ќе одржи мастер-клас на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а во негова чест на фестивалот „Синематик“ се прикажува филмот „Уставот на Република Хрватска“ во режија на Рајко Грлиќ,

Наградата ја доделуваат Асоцијацијата на филмски професионалци на Македонија и Филмскиот фестивал „Синематик“ посветен на монтажерите.

Зафрановиќ е познат по монтажата на „Татко на службен пат“ и „Дом за бесење“ на Емир Кустурица, „Балкански шпион“, а во последно време работеше на три македонски филма - „Деца на сонцето“ од Антонио Митриќески, „Медена ноќ“ на Иво Трајков и „Златна петорка“ на Горан Тренчовски, како и на малцинската македонска копродукција „Устав на Република Хрватска“.

Андрија Зафрановиќ (1949) дипломирал на катедрата за филмска и ТВ монтажа на ФАМУ во Прага. Со години беше редовен професор и шеф на катедра на Факултетот за драмски уметности во Белград, а од 2009 година е редовен професор на ФАМУ во Прага. Има освоено три награди „Златна арена“ за монтажа на филмскиот фестивал во Пула за филмовите: „Кралски воз“ (1981), „Балкански шпион“ (1984), „Вечерни ѕвона“ (1986)

 15.12.2017, 13:18  | L.E. | 81

 

© ZURNAL.mk

 Култура 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

18386
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.