МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Ружин: Реакциите од Бугарија служат само за собирање политички поени
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара итна и неотповиклива оставка од Димитров и Спасовски
Заев: Во наредниот период нема да има општ закон за амнестија
Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг
Шоубиз
Мултимедијален концерт на Дарија Андовска и Ана Пандевска

Мултимедијален концерт на Дарија Андовска и Ана Пандевска

петок, 15 декември 2017, 13:00ч.   |   L.E.

Мултимедијален концерт на кој ќе бидат изведени дела од двете истакнати македонски композиторки Дарија Андовска и Ана Пандевска ќе се одржи вечерва, во 20 часот, во камерната сала на Македонската филхармонија.

Покрај звукот, концертот ќе биде збогатен и со видеопроекција, како и со танцов перформанс, а повеќето дела се создадени за акустични инструменти и лента.

Публиката ќе има можност да ги слушне делата на Дарија Андовска: „ThERanatOS - part 4 - Operating System“ за фиксен медиум и видео (видеото го изработи Мартин Иванов), „Zugzwang“ за виолина, пијано, удиралки и фиксен медиум, „Book of the Devil Valley Master“ за соло-удиралки и фиксен медиум и „Apoptosis - a brief history of small deaths“ за фиксен медиум и танцов перформанс, на кој ќе учествуваат студенти од Катедрата за современ танц при ФМУ, во кореографија на Елена Антонова Петровиќ. Во изведбата на композициите на Андовска ќе учествуваат Влатко Нушев на удиралки, Владимир Костов на виолина и Марија Вршкова на пијано.

Ќе бидат изведени и три дела на Ана Пандевска: „Дуња и Дарин“ - пет пиеси за пијано и лента, „Landscape Atmosphere“ за пијано и лента и „Life in a Box“ - за пијано и лента, во чија изведба ќе учествува пијанистката Дуња Иванова.

© ЖУРНАЛ    ~160,54

НАЈЧИТАНИ ОД ШОУБИЗ
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.