МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Потпишан меморандум за соработка меѓу МНР и Инфо-центарот за евро-атлантски интеграци..
Папата ќе ја посети Македонија во мај
Жбогар: Ниту една земја не е имуна на корупција, разликата е во политичката волја да ..
Катимерини: Ретките несреќни коментари на Заев се за да и се додвори на домашната пуб..
Шоубиз
Вајнштајн одговори на обвиненијата на Селма Хајек

Вајнштајн одговори на обвиненијата на Селма Хајек

петок, 15 декември 2017, 12:58ч.   |   L.E.

Актерката Селма Хајек е уште една од жените кои го обвинија холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн за сексуално злоставување. Таа изјави дека доживеала „кошмарно искуство“, бидејќи го одбила за време на снимањето на филмот за сликарката Фрида Кало.

 

За Вајнштајн уште кажа дека бил нејзин монструм, но и ја опиша ситуацијата како се појавувал пред нејзините врати во било кој момент и што се барал од неа.

По повод нејзините изјави се огласи и самиот Вајшнтајн, кој ги негираше обвиненијата кои ги изнесе актерката во јавноста.

„Вајнштајн не вршеше притисок на Селма да сними секс сцена со друга актерка, исто така тој не беше присутен на тоа снимање“, стои во објавеното соопштение.

„Како и да е, сцената беше дел од приказната, бидејќи Фрида Кало била бисексуалка“, се додава во соопштението.

Понатаму пишува дека продуцентот се залагал Хајек да ја добие улогата во филмот, иако инвеститорите сакале во главната улога да се појави Џенифер Лопез, која во тој момент била поголема ѕвезда и биле заинтересирани за нејзин ангажман.

Меѓутоа, Вајнстајн успеал да ги убеди инвеститорите.

„Се она што Селма го наведе не е точно, а другите сведоци на настанот, имаат различно мислење околу она што се случувало“, стои во соопштението.

© ЖУРНАЛ    ~180,60

НАЈЧИТАНИ ОД ШОУБИЗ
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.