МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
ЕУ бара Унгарија да објасни зошто Груевски доби азил
Пајат: САД веруваат дека Договорот од Преспа е во корист на двете земји
Унгарскиот министер за правда: Унгарија не може да го екстрадира Груевски, тој може д..
Димитров: Парадокс е земја членка на ЕУ да му даде заштита на осуденик
Технологија
Samsung и Amazon Prime Video први со HDR10+ содржина

Samsung и Amazon Prime Video први со HDR10+ содржина

петок, 15 декември 2017, 12:44ч.   |   L.E.

Samsung и Amazon Prime Video најавија дека целосната Prime Video HDR библиотека е сега достапна во HDR10+, нов отворен стандард кој ги комбинира динамичните мета-податоци за да создаде подобрен контраст и бои на проширениот асортиман на телевизори.

Каталогот Prime Video HDR10+ вклучува содржина во времетраење од стотици часови како Прајм оригинали (Prime Originals): “The Grand Tour“, “The Marvelous Mrs. Maisel“, “Jean-Claude Van Johnson“, “The Tick“ и “The Man in the High Castle“, како и уште стотина лиценцирани наслови. “Prime Video“ е првиот стриминг провајдер кој обезбедува HDR10+ содржина на своите корисници, а HDR10+ е достапен на целосната Samsung 2017 UHD TV линија – вклучувајќи ги и премиум QLED TV моделите.

“Возбудени сме што можеме да ја најавиме HDR10+ содржината за нашите корисници. Нејзиното лансирање ја одбележува првата можност за потрошувачите и индустријата да ја искусат HDR10+технологијата преку стриминг услуга.” – изјави Санг Јун Ким, Потпретседател на Секторот за Развој на Бизнис со Паметни ТВ уреди во Самсунг Електроникс Америка.

Технологијата HDR10+ на Prime Video вклучува динамички мета-податоци кои овозможуваат прилагодување на нивоата на осветленост при премин од сцена во сцена, па дури и од еден во друг фрејм (frame), кај телевизорите со висок динамички опсег (HDR). Со примена на индивидуализирано мапирање на тонови на секоја сцена, HDR10+ обезбедува неверојатно искуство при гледањето на содржини на следната генерација на Самсунг дисплеи. Квалитетот на сликата овозможува подобрено визуелно доживување со подетални изрази, подефинирани и посјајни предели со сенки и попрецизно пренесување на бои кои остануваат верни на оригиналната намера на креаторот на содржината. Преку користење на прецизните водичи за мапирање на тонови базирани на “Bezier”, Амазон може да испорача оптимално доживување при гледањето низ различни ТВ модели.

“Посветени сме да им понудиме на Prime Video членовите најдобро можно доживување при гледањет, и навистина сме возбудени што нашите членови ширум светот ќе ги доживеат нашите содржини во HDR10+. Доживувањето при гледањето на HDR10+ во комбинација со наградуваните содржини на Prime Video е воведување на нова ера на забава за потрошувачите на овие уреди.” – изјави Грег Харт, Потпретседател на Prime Video.

Лансирањето на HDR10+ на Prime Video заедно со логото на HDR10+ и сертифицираното партнерство формирано претходно оваа година од страна на компаниите Самсунг, “20th Century Fox“ и Panasonic е демонстрација на усвојувањето и растот на HDR10+ како и растечката посветеност кон испораката на премиум HDR искуство.

© ЖУРНАЛ    ~361,121

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.