МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јавното обвинителство формира Комисија за следење на нерегуларности на референдумот
Дурловски ја насочуваше толпата во Собранието, сведочеше градоначалникот на Шутка, Ку..
Земјоделско здружение му додели плакета на министерот Николовски
ВИДЕО: Јовановиќ: НАТО ни е потребно за да не се испоубиеме на Балканот
Авто
Ова е најдобриот авомобил во Европа за 2018 година!

Ова е најдобриот авомобил во Европа за 2018 година!

петок, 15 декември 2017, 12:30ч.   |   L.E.

Во конкуренција помеѓу 6 финалисти, новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross го однесе трофејот Autobest 2018 за « Best Buy Car of Europe 2018».

 

Од 2001, Autobest секоја година наградува автомобил кој ќе добие најмногу гласови. Гласањето е спроведено од страна на 31 специјализирани автомобилски новинари од 31 европска држава, оценувани врз база на 13 критериуми меѓу кои: сооднос квалитет - цена, дизајн, комфор и технологии како и квалитетот на услугите, расположивоста на резервни делови во целата мрежа.

Како што Citroën C3 беше избран во 2003 од страна на Autobest, новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross се истакна над конкурентите и се наметна на ова седумнаесетто издание на доделување на награди, благодарение на оригиналниот изглед, неговиот силен и моќен карактер и свежината што ја донесува во сегментот.

Новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross е претставник на светската офанзива на марката со веќе заведени повеќе од 30.000 нарачки во Европа. Ги воодушевува клиентите со пространоста, генијалноста , модуларноста и осветленоста. Избор од 90 комбинации на персонализација со пет нивоа на опременост во внатрешноста. Инспириран од очекувањата на клиентите, овој "people minded" SUV се отвора кон надворешноста со неговиот подвижен панорамски застаклен покрив. Носител на програмата « Citroën Advanced Comfort® », C3 Aircross ве кани на неповторливо ужување во возењето. За истакнување на авантуристичкиот дух во понудата се наоѓа и функцијата Grip Control ® со Hill Assist Descent. За максимална удобност и сигурност, располага со 12 модерни технологии за помош во возењето, 4 технологии на поврзаност од кадешто произлегуваат и 5-те ѕвезди од тестовите Euro NCAP.

« Честитки до Линда Џексон и до целата нејзина екипа која ја заслужува наградата AUTOBEST 2018! Во една голема конкуренција, C3 Aircross се истакна како вистински шампион и ја убеди жири комисијата дека е најдобар избор за автомобил за оваа година. Ова е уште една нова победа за овој SUV. Овој избор е доказ дека жирито ги следи промените на пазарот и новите модерни текови, со формулирање на препорака за европските корисници за купување на автомобил на утрешницата! », изјави Илија Селиктар, претседател на жири комисијата.

Со 426.000 регистрирани возила во Европа во првото полугодие од 2017, Citroën го постигна својот рекорд од последните 6 години и заведе прогресија од +5,6% во споредба со истиот период во 2016. Една година по новиот C3, bestseller во гамата на Citroën, кој запиша повеќе од 230.000 продажби од неговот лансирање, новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross ги следи истите текови на Citroën.

© ЖУРНАЛ    ~555,193

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.