МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
МВР е подготвено да обезбеди безбедна атмосфера за време на гласањето, тврди Спасовск..
Филипче: Процентот на вакцинирани деца уште е мал, особено надвор од Скопје
Панајотис Колокатис: Семејството Parkland Hospitality Group постојано расте
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партија што спроведе селективна амнестија и лицемерно е да зборува..
Авто
Symbioz - автомобилот на иднината од Renault (Видео)

Symbioz - автомобилот на иднината од Renault (Видео)

четврток, 14 декември 2017, 12:40ч.   |   L.E.

Откако во септември за време на автомобилскиот саем во Франкфурт го претстави футуристичкиот концепт Symbioz, Renault го направи и првиот прототип на ова возило на иднината и почна со неговото тестирање.

Renault вели дека прототипот е направен во склад со принципот„ ниво 4” (од можни 5) на самоуправувачките автомобили. Тоа значи дека возачот во целост ќе може да го препушти управувањето со автомобилот на компјутерот, на одредени делници на патот, но и дека ќе може да преземе контрола кога ќе посака.


За разлика од „ниво 4”, „ниво 5” сосема ја укинува потребата за постоење на мануелни команди во самоуправувачките автомобили, па возачот станува обичен патник во возилото.

 

Прототипот на Renault Symbioz, според зборовите на производителот, им овозможува на возачите во 2017 година да искусат како ќе изгледа „возењето” на автомобилите во 2023 година.

 

Освен што е самоуправувачки автомобил, Renault Symbioz е исто така и возило со нулта емисија, со обизр дека го движат два електромотори, но и целосно поврзано со информациската мрежа, што значи дека може да разменува податоци со други возила во реално време.

Според спецификациите, погонот има постојани 500 КС и 550 Nm, а максималната можна моќност е 680 КС. Автомобилот забрзува од 0 до 100 км/ч за 6 секунди, а батериите се полнат до капацитет од 80% за помалку од половина час.

 

Линиите на автомобилот се исклучително аеродинамични, за отпорот на воздухот да се сведе на минимум и да се обезбеди што поголема ефикасност во возењето.

Системот за автономно возење се состои од бројни периферни уреди, како радари, ултразвучни сензори, камери напред, назад и странични. Класичната централна конзола во кабината не постои, а командната табла се состои од три дисплеи.

 

Класичните ретровизори со огледала се заменети со мали камери и два странични и еден централен дисплеј (на позицијата на внатрешниот ретровизор).

 

Renault очекува дека до 2022 година ќе биде подготвен за сериско производство на возилото.

 

© ЖУРНАЛ    ~520,176

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
Со 400 коњски сили, новиот Голф ќе биде брутално моќен
Skoda почна да работи на новата генерација на Octavia
Еволуција место револуција за Nissan Juke II
Најагресивниот Lamborghini Urus досега
СУВ возила со најголема потрошувачка (Фото)
Почнува продажбата на најевтиниот автомобил на Eлон Маск
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.