МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Зголемен бројот на заболени од грип
Повеќемина повредени уште се во критична состојба
Здравје
Умереното консумирање кафе позитивно влијае на нашето здравје

Умереното консумирање кафе позитивно влијае на нашето здравје

четврток, 14 декември 2017, 12:32ч.   |   L.E.

Истражувачите дојдоа до заклучок дека умереното пиење кафе не претставува опасност по здравјето, а три до четири филџани дневно дури може да имаат и позитивен ефект.

Универзитетот Саутемптон објави анализа за влијанието на кафето врз нашето тело, заснована на повеќе 200 трудови.

Имено, истражувачите дојдоа до заклучок дека умереното пиење кафе не претставува опасност по здравјето, а три до четири филџани дневно дури може да имаат и позитивен ефект.

Во анализата се наведува дека ризикот од заболувања на црниот дроб и рак, како и низок ризик од срцев удар кој би резултирал со смрт, доаѓа од - прекумерна, или пак, потпросечна консумација. Во споредба со лицата кои не консумираат кафе, оние кои дневно пијат три, четири филџани, имаат намален ризик од срцеви проблеми, и од смрт предизвикан од истите.

Прекумерна консумација на кафе во бременоста исто така може да биде штетно. Експертите тука секако препорачуваат кафето да се избегнува.

Меѓутоа, професорот Пол Родерик, коавтор на студијата, истакнува дека врз основа на резултатите не можат да тврдат дека кафето прави разлика.

- Ефект би можело да имаат и други фактори, како на пример годините, без оглед дали се говори за пушач или непушач и колку се физички активни, посочи Родерик.

Препорачливата дневна доза кофеин е 400 милиграми, додека онаа за бремените жени е двојно помала - 200 милиграми.

Истражувачите исто така препорачуваат да се придржуваме до „здравото“ кафе, т.е. да се избегнуваат шеќер, млеко, колачиња.

© ЖУРНАЛ    ~262,90

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
10 продукти кои го чистат црниот дроб и го забрзуваат согорувањето на калориите
За 48 часа елиминирајте ги сите токсини и масти од телото
Пушачи, исчистете ги белите дробови за 3. дена: Спречете рак, исфрлете маснотии и вишок вода од организмот!
Да се пие гaзирана вода или не?
Колку пати неделно смеете да јадете сувомеснати производи?
За секоја крвна група има соодветен чај кој и одговара
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.