МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Груби до пратениците: Не се кријте зад народот и не мислите на следните избори
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент
Костадинов: Со иницијатива до Уставен, бранителите на Груевски сакаат да го спасат од..
Томе Аџиев на распит во СЈО за случајот „Моќник“
Економија
Промоција на Бугарско-македонскиот бизнис клуб

Промоција на Бугарско-македонскиот бизнис клуб

четврток, 14 декември 2017, 12:17ч.   |   L.E.

Скопје, 14 декември- Бугарско-македонскиот бизнис клуб (БМБК) денеска ќе биде промовиран во Скопје. Клубот е основан како непрофитна организација која своите активности ќе ги насочи кон натамошно зајакнување и развој на економските односи, унапредување на бизнис релациите меѓу Македонија и Бугарија, како и постојано стимулирање на деловните и општествени иницијативи.

Решението за основање на Бугарско-македонски бизнис клуб е донесено на Собранието на бугарскиот културен клуб-Скопjе, одржано на 28 септември 2017 година. Усвоен е и Правилник за дејноста на клубот, за претседател на бизнис клубот е избран Никола Попилиев, а за потпретседател Владимир Владимиров.

Активностите на бизнис клубот ќе бидат насочени кон организирање стручни средби, советувања, предавања, семинари, форуми на бугарски и македонски бизнисмени, промоција на македонската економија во Бугарија и на бугарската економија во Македонија, како и соработка со други клубови, здруженија и организации со слична ориентација и конзистентни цели.

На промоцијата на бизнис клубот ќе присуствува делегацијата на Република Бугарија, во чиј состав ќе бидат повеќе стопанственици. Делегацијата ќе ја предводи потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова.

© ЖУРНАЛ    ~187,63

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
ФОРДОМАНИЈА завладеа и во Македонијa
Индустриското произвоство со раст од 5,1 процент во осумте месеци од годинава
Раст на БДП од 3,1 отсто во вториот квартал
Сугаревски: Градежните активности ќе бидат комплетно завршини до крајот на наредниот месец
СДСМ: Септемвриската пензија зголемена за 1,8 отсто
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се задолжи со нови 57 милиони евра
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.