МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Катругалос: ЕУ да ја цени и политичката волја на Северна Македонија покажана со Догов..
Анализа: Преку 80 отсто од граѓаните сакаат да одат по шалтери, наместо електронски д..
Со Преспанскиот до НАТО, со Северна до нови поделби
Дескоска: Барањето за екстрадиција на Груевски за 27 април деновиве ќе биде пратено д..
Авто
Враќањето на оваа легенда: Alpine A110

Враќањето на оваа легенда: Alpine A110

среда, 13 декември 2017, 15:40ч.   |   L.E.

Alpine A110 е ретро автомобилот што им беше потребен на возачките ентузијасти. Porsche Cayman и Audi TT подобро нека станат теренци, станаа здодевни.

Mini, Fiat 500, Beetle. Сите тие се автомобили што скапо ја продаваат приказната на своите оригинали. Под шминката е обична Panda или Golf. Кога се појави повторно, и Mini имаше антички мотор од Chrysler под хаубата. На возачките души им е сеедно што постојат овие ретро-парадери. Тие можат да реагираат единствено на автомобили што ќе им го поттикнат апетитот за возење. На Alpine A 110, на пример.

Alpine A110 1

Реинкарнацијата на францускиот тркач чини петпати поскапо, но и вреди најмалку десетпати повеќе. Мотор во средина, погон назад, две седишта, алуминиум и по две триаголни водилки на тркало. Друго ништо не е важно. Колку за ориентација, 1,8-литарецот користи турбонатполнење и истиснува 252 КС од себе.

Renault, мајката на Alpine, далеку од тоа дека не е свесна за потенцијалот за наплата со овој автомобил, чијашто сина боја е влезена во потсвеста на секој ентузијаст. Во знак на годината во којашто е произведен првиот Alpine, од A 110 е изработена серија од 1.955 примероци, секој со цена од 58.000 евра. Кој реагирал навреме, ќе ја добие својата тркачка машина по зимово, кој реагира отпосле, ќе чека најмалку до наесен. Серијата Premiere Edition се разграба за пет дена.

Renault колку што треба, Alpine колку што може повеќе
Принципите што стојат зад Alpine A110 се истите како во ‘60-те и ‘70-те. Долу не работи Megane R.S., туку комплетно различна конструкција. Производството е во фабриката во Диепе, на Северот на Франција, подигната од Жан Редел, основач на марката. Во последните години, таму се произведуваа машините на Renault Sport. A110 е вистинското заокружување на тркачката страст на Renault. Значи, над R.S.

Alpine A110 2

Со алуминиум за подвозјето и каросеријата, постигнато е Alpine A110 да тежи само 1.080 килограми. Седиштата од Sabelt тежат само 13,1 килограми по парче, со интегрирањето на паркирната сопирачка во задните сопирачки клешти од Brembo се заштедени 2,5 килограми.

Alpine A110 го победува Cayman за три должини на каросерија
За распределбата на тежина во сооднос 44:56 придонесува резервоарот вграден зад предната оска. Под предниот капак се наоѓа багажник од 100 литри, уште 96 литри стојат на располагање назад. Доволно за два шлема и два тркачки костуми.

Куса споредба на способностите на Alpine A110. Со 300 килограми повеќе на грбот и турбо-четирицилиндарец со 300 КС, на Porsche Cayman му се потребни 5,1 секунди за спринт. На француското купе, шест десетинки помалку. Тоа е разлика од три должини на автомобил.

© ЖУРНАЛ    ~168,56

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
Во интерес на корисниците: Facebook најави клучен редизајн на мобилната апликација
Конечно седан во понудата – Citroen ќе го претстави во 2021
Најлуксузните BMW модели пристигнаа во Македонија!
BMW сподели информации за Series 8 Gran Coupe
Citroen ја продолжува традицијата на своите големи лимузини 2021
Audi со нов прототип на водородни горивни ќелии
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.