МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Бени Шаќири: И ВМРО ДПМНЕ да беше на власт, ќе го поддржев референдумот!
Македонија ќе бара спас за железничката линија Белград-Скопје-Солун
АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ
Тевдовски: поддржуваме решение пензонерите да не вршат регистрација во УЈП
Култура
Концерт на Здружението на џез-музичари и слободни уметници

Концерт на Здружението на џез-музичари и слободни уметници

вторник, 12 декември 2017, 11:06ч.   |   L.E.

Скопје, 12 декември- Здружението на џез-музичари и слободни уметници (ЗЏМ) од Скопје вечер од 20 часот во Македонската филхармонија ќе одржи предновогодишен џез-концерт насловен „Baby It’s Cold Outside“.

Концертот ќе биде составен од два дела и ќе го води диригентот Џијан Емин. Првиот дел, со наслов „Charlie Parker With Strings“, ќе се реализира во соработка меѓу ритам-секцијата на ЗЏМ Биг бендот и гудачката секција на Македонската филхармонија и солистот на алто-саксофон Кирил Кузманов. ЗЏМ соопшти дека оваа програма ќе биде изведена премиерно на концерт наменет за пошироката публика.

- Станува збор за изведба на компилациски албум на еден од најпознатите џез-саксофонисти и композитори на сите времиња, Чарли Паркер, кој е прогласен за најпродаван и е награден со Греми награда во 1988 година, информира ЗЏМ.

Вториот дел е концертен настап на ЗЏМ Биг бенд оркестарот на кој ќе настапат и вокалните солисти Џон Илија Апелгрен и Марија Димитријевиќ. Во вториот дел од вечерашниот концерт ќе бидат изведени дела од најголемите имиња од областа на џез-музиката

© ЖУРНАЛ    ~156,52

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Македонија и Бугарија со посебна програма ќе ја зајакнуваат културната соработка
Со претставата „Илијада“ завршува 58. Охридско лето
Поп и фолк ѕвезди на „Звуците на културата“ во Ѓорче
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.