МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Груби до пратениците: Не се кријте зад народот и не мислите на следните избори
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент
Костадинов: Со иницијатива до Уставен, бранителите на Груевски сакаат да го спасат од..
Томе Аџиев на распит во СЈО за случајот „Моќник“
Економија
Граѓаните ќе бираат од кого ќе набавуваат енергенси

Граѓаните ќе бираат од кого ќе набавуваат енергенси

понеделник, 11 декември 2017, 16:08ч.   |   A.Z.

Со донесувањето на новиот закон за енергетика граѓаните ќе имаат избор било кој енергенс да го добијат на слободниот пазар од било кој снабдувач во Македонија, најави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓуешв на денешната прес-конференција, пренесе МИА.

Тој истакна дека со измените на Законот ќе се надминат конфликтните интереси во делот на гас и електрична енергија и ќе бидат задоволени сите директиви од третиот пакет на ЕУ.

За Предлог-законот денеска била одржана јавна расправа во Стопанската комора со Македонската енергетска асоцијација во делот на струјата. Утре ќе следи јавна расправа во делот на нафата и гасот, а во среда ќе има јавна расправа во Владата. Потоа законот треба да помине на владина процедура и да биде препратен во Собрание.

Анѓушев очекува до крајот на март да заврши редовната собраниска процедура за донесување на законот, а потоа се дава рок од девет месеци да се изберат универзален снабдувач кој ќе има договор од пет години за снабдување и да следи до крајот на 2018 годна целосната либерализација на енергетскиот пазар во земјава. 

© ЖУРНАЛ    ~345,115

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
ФОРДОМАНИЈА завладеа и во Македонијa
Индустриското произвоство со раст од 5,1 процент во осумте месеци од годинава
Раст на БДП од 3,1 отсто во вториот квартал
Сугаревски: Градежните активности ќе бидат комплетно завршини до крајот на наредниот месец
СДСМ: Септемвриската пензија зголемена за 1,8 отсто
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се задолжи со нови 57 милиони евра
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.