МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Груби до пратениците: Не се кријте зад народот и не мислите на следните избори
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент
Костадинов: Со иницијатива до Уставен, бранителите на Груевски сакаат да го спасат од..
Томе Аџиев на распит во СЈО за случајот „Моќник“
Економија
Горивата поскапи за половина денар

Горивата поскапи за половина денар

понеделник, 11 декември 2017, 14:42ч.   |   A.Z.

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,09, односно за 0,74 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 67,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 54,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 43 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,02 денари по килограм се намалува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 28,333 денари.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 2,03 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,517 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот 

© ЖУРНАЛ    ~147,49

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
ФОРДОМАНИЈА завладеа и во Македонијa
Индустриското произвоство со раст од 5,1 процент во осумте месеци од годинава
Раст на БДП од 3,1 отсто во вториот квартал
Сугаревски: Градежните активности ќе бидат комплетно завршини до крајот на наредниот месец
СДСМ: Септемвриската пензија зголемена за 1,8 отсто
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се задолжи со нови 57 милиони евра
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.