МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
СДСМ: Ниту една постапка на Мицкоски нема да го запре напредокот на Македонија
Заев: Голема поддршка е што Словенија е точка за контакт со НАТО
Ерјавец: Словенија ја разбира жртвата што ја прави Македонија и дава безрезервна подд..
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Технологија
Технолошкиот гигант Apple ја презема апликацијата Shazam

Технолошкиот гигант Apple ја презема апликацијата Shazam

понеделник, 11 декември 2017, 12:31ч.   |   L.E.

Според извештаите на порталите TechCrunch и Bloomberg, Apple планира да ја купи Shazam, компанијата која стои зад популарниот софтвер и апликација за препознавање песни.

Според изворите со кои е комуницирано на оваа тема, договорот би можел да биде објавен денеска, додека останатите податоци за преземањето не се познати.

Купувањето на компанијата ќе му обезбеди на Apple сопственост над технологијата за препознавање на музички, ТВ и филмски содржини, а истата би можела да се имплементира во нивните производи.

Shazam веќе работи и на iOS и OS X/macOS платформите, а апликацијата има и можност за слушање содржини кои се во позадина. На тој начин таа може да идентификува песна или видео запис, што би можело да биде корисно во рамките на технологијата за паметни звучници кои компанијата Apple би ги произведувала во иднина.

Технологијата од компанијата Shazam е повеќе од аудио идентификација, а од 2015 година е овозможено и препознавање на спакувана роба, книги и списанија, за што Apple исто така би можел да биде заинтересиран.

© ЖУРНАЛ    ~156,52

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Apple заменил 11 милиони дефектни батерии за iPhone во 2018 година
Поради нив се хакираат профили: Ако ги користите овие лозинки, сменете ги веднаш
Huawei го воведува новиот ARM процесор со ултра-високи перформанси
Apple: Нови детали за 2019 iPhone смартфоните!
Лансиран првиот смартфон со флексибилен екран (Видео)
Samsung им го покажа „превиткувачкиот“ Galaxy на мал број на клиенти на CES 2019?
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.