Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Македонија меѓу 10-те земји со најниски плати во Европа

Таравари: Нападот на наставниците во гостиварската гимназија досега невиден настан
Османи: Имплементацијата на планот 3-6-9 ги надмина и најоптимистичките прогнози, оче..
Нови рочишта за „Т.Н.Т“, „Транспортер“ и „Тендери“
Коѕијас - Димитров: Уште неколку спорни, но најтешки точки

Економија

Македонија меѓу 10-те земји со најниски плати во Европа
make.jpg

Скопје, 11 декември- Македонија е меѓу десете земји со најниски плати во Европа, покажува истражувањето на Украинскиот аналитички центар. На прво место на листата е Украина, каде платите се работниците се движат околу 190 евра и се најниски во Европа. Меѓу десетте земји со најмали примања се и Србија, Белорусија и Албанија.

Украинските стручњаци составиле листа на најсиромашни европски зеји, на кои на прво место е Украина, а потоа следи Молдавија со 216 евра, а Азербејџан е на третото место со просечна плата од 232 евра, наведува порталот economics.unian.info.

Меѓу десетте држави со најниски плати се и Грузија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Албанија, Македонија и Србија. Според податоците на украинскиот центар, највисоки се платите во Швајцарија каде просечната плата е 4.421 евро, како и во Исланд и во Норвешка каде просечните примања се 3.440, односно 3.405 евра.

 11.12.2017, 12:27  | L.E. | 99

 

© ZURNAL.mk

 Економија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

5370
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.