МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
ВМРО-ДПМНЕ: Власта да каже што ќе се менува во Преамбулата и Уставот
Демолирани штабови на СДСМ во Куманово
Британската амбасадорка Галовеј во Прилеп
Ветер со брзина од над 95 километри во Скопје и источните делови на земјата
Култура
Недела на археологијата

Недела на археологијата

понеделник, 11 декември 2017, 11:09ч.   |   L.E.

Скопје, 11 декември- Археолошки музеј на Македонија од денеска до 15-ти овој месец со повеќе активности ќе ја одбележи Неделата на архологијата.
Во рамки на активностите денеска ученици од училиштето „11 Октомври“ од Скопје, ќе бидат вклучени во изработка на плакати за изложбата „Некогаш и сега“, а најдобриот од предлозите ќе биде прогласен за официјален плакат на оваа изложба.

Вторник ќе биде отворен ден на музејот, со бесплатен влез за посетителите и можност да разговараат директно со кустосите археолози за сите теми поврзани со археологијата и музеологијата, како се пронаоѓаат предметите и што се случува додека тие станат експонати изложени во музејската поставка.
Меѓународна археолошка конференција „Неолитот во Македонија 3“, ќе се одржи в среда во организација на Здружението на граѓани „Центар за истражување на праисторијата“,од Скопје. На конференцијата, домашни и странски археолози ќе ги претстават најновите резултати од истражувањата на неолитот на Балканот.

Во четврток Музејот организира посебно осмислена програма за деца со оштетен вид дополнета со тактилна изложба насловена „Некогаш и сега“ во која одбрани музејските артефакти од минатото се изложени заедно со предметите од ист вид од нашето секојдневие.

Последниот ден, на 15 Декември, преку серија презентации, јавноста ќе има можност да се запознае со истражувачките проекти и изложби на Археолошкиот музеј реализирани оваа година, како и за учеството на кустосите на меѓународните научни конференции на кои ја претставуваат Република Македонија пред светската стручна и научна јавност.

Содржините на „ Недела на археологија 4“ се збогатени со проекции на документарни филмови за археологијата и настап на хорот „Артизан“ со музика од минатите времиња.

© ЖУРНАЛ    ~117,39

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Македонија и Бугарија со посебна програма ќе ја зајакнуваат културната соработка
Поп и фолк ѕвезди на „Звуците на културата“ во Ѓорче
Со претставата „Илијада“ завршува 58. Охридско лето
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.