МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Собраниска делегација на конференција на КОСАК во Виена
Заев уверува дека Груевски ќе биде вратен, Унгарија решава за азилот
Облачно и студено, попладне снег
Илир Мета: Бегството на Груевски е признавање на вина
Култура
Соло рецитал на виолинистот Бојан Илкоски

Соло рецитал на виолинистот Бојан Илкоски

понеделник, 11 декември 2017, 11:07ч.   |   L.E.

Скопје, 11 декември- Во камерната сала на Македонската филхармонија вечер соло рецитал ќе одржи виолинистот Бојан Илкоски. На програмата ќе бидат изведени капитални дела од опусот за соло виолина, дела од Ј.С. Бах, Н. Паганини и Е.Изаи.

Илкоски годинава одржа уште два рецитала. Во мај се претстави пред велешката публика во театар „Џинот” заедно со пијанистот Дино Имери, а солистички концерт имаше и во Скопје во рамките на фестивалот „Златна лира 2017“.

Своето музичко образование Илкоски го започнува на 7-годишна возраст во ДМБУЦ-Илија Николовски-Луј Скопје, каде ги завршува нижото и средното музичко образование. Првите контакти со виолината ги остварува на својата седум-годишна возраст со проф.Румен Димитриев, а дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф.Олег Кондратенко.

Од неодамна Илкоски е редовен член на симфонискиот оркестар при Македонската филхармонија, како и член на оркестарот за филмска музика на FAME`S.

© ЖУРНАЛ    ~156,52

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Духовите на Африка во Музејот на Македонија
Почнува третиот фестивал на дебитантски филм „Киненова"
Промоција на „Хрониките на Арслан Новинарски“ во МКЦ
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.