Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Гитара на Принс продадена за 700.000 долари

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Занимиливости

Гитара на Принс продадена за 700.000 долари
gitaree.jpg

Лос Анџелес, 6 ноември- Гитара на починатата поп икона Принс, по долго и жестоко наддавање, е продадена за 700.000 долари, што е највисока цена платена кога било за гитара на покоен музичар.

Првичната цена на прочуената сина гитара „Облак" беше проценета на 60.000. 

На истата аукција беше продадена и дијамантска ракавица на Мајкл Џексон за 102.000 долари, а неговата црвена јакна од змиска кожа, од спотот за „Beat it" достигна цена од 118.000 долари.

Ем-Ти-Ви наградата Курт Кобејн е продадена за 62.500 долари, маица на Џими Хендрикс за 106.000, а оригиналот од текстот за песната „Starmen" на Дејвид Боуви за сума од 81.000 долари.

 07.11.2017, 16:45  | L.E. | 42

 

© ZURNAL.mk

 Занимиливости 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

11261
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.