Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Таа е најплатената пејачка на светот: За една година заработила неверојатни 105 милиони долари

Името на маса по Нова година
Могерини со инструкции за премиерите од Западен Балкан
Поништен конкурсот за јавни обвинители
Кривичен неделава полн со предмети од СЈО

Шоубиз

Таа е најплатената пејачка на светот: За една година заработила неверојатни 105 милиони долари
ss-610x400.jpg

Скопје 23 ноември -  Последните две години Тејлор Свифт беше прва на листата најплатени пејачки, но оваа година дојде до промена.
Најмногу во текот на јуни 2016 година до јуни оваа година заработи поп дивата Бијонсе, таа во тој период станала потешка за 105 милиони долари.
Американската пејачка минатата година го објави долго очекуваниот албум „Lemonade“, по што следеше светска турнеа.
Иако поради бременоста беше приморана да се посвети на семејството и да одмара, музичарката во исто време собираше големи успеси.
Токму тие успеси ја донесоа на првото место на листата на најплатени пејачки, која ја објави Форбс.
Веднаш позади неа се наоѓа Адел, која одржа светска турнеја.
Светската турнеја таа не ја одработи до крај но сепак заработи дури 60 милиони долари.
Тејлор Свифт која две години беше на престижното прво место, сега го зазема само третото.
Нејзината заработка се проценува на 44 милиони долари, а се очекува со објавувањето на новиот албум „Reputation“, наредната година да заработи многу повеќе.
Дамата со раскошен глас, Селин Дион оствари голем работен успех оваа година. Заработила 42 милиони долари, со кои котира на четвртото место на листата на Форбс.
Веднаш позади неа се наоѓа Џенифер Лопез со 38 милиони долари.
На шестата позиција е Доли Партон, 71 годишната пејачка заработи 37 милиони долари, следуваат Ријана со 36 милиони, Бритни Спирс со 34 милиони и Кети Пери со 33 милиони долари.
Листата ја затвора на последното, односно десетто место, Барбара Стрејсанд, со заработка од 30 милиони долари.

 

 23.11.2017, 14:48  | N.R. | 72

 

© ZURNAL.mk

Aktuelno

 Шоубиз 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

22362
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.