Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Селмани контра Манчевски: Владата сака да владее со медиумите

Името на маса по Нова година
Могерини со инструкции за премиерите од Западен Балкан
Поништен конкурсот за јавни обвинители
Кривичен неделава полн со предмети од СЈО

Македонија

Селмани контра Манчевски: Владата сака да владее со медиумите
naser-selmani_8.jpg

„Законот е премногу детализиран, до инфантилизирање, до карикатуралност, дотаму да се одредува која програма кога да се емитува. Со него се ограничува слободата на изразувањето и, уште повеќе, ќе се воведе цензура и автоцензура во медиумите“, наведе Катерина Колозова од Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН) на денешната презентација на нивниот извештај „Проценка на ефектите на постоечката регулатива за аудио и аудиовизуелни услуги врз уредувачката слобода“.

На прес-конференцијата, во која учествуваше и Насер Селмани, претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Колозова истакна дека одредбите од законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се доказ на феноменот на „заробена држава“, каде преку прекумерна законска регулација ѝ се овозможува на извршната власт прекумерна контрола врз медиумите.

Одговарајќи на новинарско прашање за денешната изјава на миннистерот Дамјан Манчевски на конференцијата „Е-општество“ на „Метаморфозис“, кој рече дека Владата не смее да биде моторот на реформите во медиумската сфера и за предлог-законот за аудио и аудиовизуелни услуги, претседателот на ЗНМ рече дека на политичарите не смее да им се верува.

– Тоа е добра флоскула, но тие прават спротивно на таквите заложби, затоа што има тенденции што потсетуваат на однесувањето на претходни влади – рече Селмани.

Тој повторно ги изнесе барањата од ЗНМ за укинување на глобите во новиот предлог-закон за изменување на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и побара државата повеќе да не се меша во регулацијата на приватните медиуми, туку да остави нивните содржини да бидат според вкусот на гледачите.

– Во Македонија има прекумерна регулација на приватните радиодифузни медиуми. Државата премногу се меша, а тоа влијае на програмската шема и на содржините, но и на финансиската кондиција на медиумите. Нашата препорака е државата да остави тоа каква програма ќе се емитува да биде одредено од вкусот на гледачите, а не на политичарите – рече Селмани.

Тој, како и Колозова, порача дека новиот владин предлог-закон мора да биде ослободен од глоби, а власта да остави медиумите да се саморегулираат, наместо да им наметнува правила.
 

 22.11.2017, 16:26  | Xh.I. | 27

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

21864
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.