МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Димитров: Од нас на 30 септември зависи нашата иднина и на нашите деца
Ексклузивно интервју на Канал 5 со министерот за култура Асаф Адеми
Ахмети од Куманово: Граѓаните да гласаат на референдумот, Македонија нема друга алтер..
МОСТ во извештај за референдумот го критикува апелот на Заев финансиски да се мотивир..
Свет
Путин, Ердоган и Рохани ќе разговараат за иднината на Сирија

Путин, Ердоган и Рохани ќе разговараат за иднината на Сирија

среда, 22 ноември 2017, 12:08ч.   |   L.E.

Сочи, 22 ноември- Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Сочи ќе се сретне со својот турски и ирански колега Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Рохани. Средбата е посветена на „долгорочно решение“ на судирот во Сирија.

Средбата е закажана неколку денови пред продолжувањето на мировните преговори во Женева.

Предвидено е Путин, Ердоган и Рохани да разговараат за евентуалниот Конгрес на сирискиот национален дијалог, каде Владата и опозицијата би се сретнале во Русија. Таквиот предлог сириската опозиција го одби, нагласувајќи дека ќе се придржува до женевскиот процес.

Несогласувањата во сите досегашни иницијативи за политичко решение на шестгодишната војна е судбината на сирискиот претседател Башар ал Асад. Заминувањето на Асад од власт за Москва и Техеран би предизвикало хаос во Сирија,  додека бунтовниците имаат поддршка од Анкара и од Западот, одбиваат какво било решение што вклучува учество на Асад. Тие го обвинуваат Асад за воени злосторства. Турција е покровител на мировниот процес од Астана, со кои се воспоставени „сигурни зони“ во сириските региони Идлиб и Хомс, во предградието на Дамаск - Источна Гута и во јужниот дел на Сирија.

Фракции на сириската опозиција денеска ќе разговараат во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад за заземање на  заеднички став на претстојните преговори во Женева, како и за новиот устав и изборите во Сирија.

Москва годинава седумпати иницираше ппреговори помеѓу претставниците на сириската Влада и опозиција, кои беа фокусирани на воени и технички прашања.

© ЖУРНАЛ    ~102,34

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
(Видео) Воен авион леташе низ ураганот Флоренс
Израелските медиуми: Што ако сега С-300 стигне во Сирија?
Во Германија паднал најголемиот град регистриран досега во Европа
Во Руанда пронајдени масовни гробници со тела на 5.400 жртви
Десетина загинати при уривање на надвозник во Италија
Долго очекуван црвен картон за Унгарија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.