Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

И Врховен ќе формира комисија за нова проверка на АКМИС-от

Името на маса по Нова година
Могерини со инструкции за премиерите од Западен Балкан
Поништен конкурсот за јавни обвинители
Кривичен неделава полн со предмети од СЈО

Македонија

И Врховен ќе формира комисија за нова проверка на АКМИС-от
23140620_10215325108306501_1212261926_n.jpg

Во исчекување на извештајот дали имало злоупотреби на АКМИС системот во судовите, односно дали рачно се местеле предмети, кој треба да го презентира Комисијата формирана од Министерството за правда, претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, вели оти останува на ставот дека злоупотреби се правеле во Кривичниот суд. Тој најавува и нова контрола на системот за распределба на предметите, но од страна на комисија формирана од Врховен суд.

- Сè уште не е објавен извештајот, но и понатаму останувам на она што го кажав дека злоупотребите на АКМИС се правени во Основен суд Скопје 1 од страна на поранешните претседатели. Контролата на Комисијата од Министерството за правда колку што ми е познато не е во целост извршена, а бидејќи не е Врховниот суд ќе формира комисија и ќе се врати назад, од воведувањето на Системот за електронска распределба на предмети до денес, да провери како е применуван и во Врховен и во Апелација и во „единица“ и во сите други судови – вели Вангеловски за Плусинфо.

Комисијата при Министерството за правда во изминатиот период изврши контрола во Основниот суд Скопје 1, Апелација и во Врховен, каде влезе минатата недела. Извештајот кој треба да покаже дали, каде и во кој период се местеле предмети кај одредени судии, требаше да биде објавен до крајот на неделата, но од Министерството велат дека е можно тоа да се пролонгира за неколку дена, односно за почетокот на наредната недела.

Во јавноста веќе излегоа неофицијални информации дека проверката покажала неправилности во Кривичен и во Врховен суд, а во Апелација наводно не биле откриени злоупотреби.

Контролата на АКМИС во трите суда е резултат на препораките што ги даде експертската група предводена од Рајнхард Прибе која во извештајот наведе дека постојат индиции за негова злоупотреба. Обајвувањето на извештајот е една од обврските кои меѓународната заедница ги даде на Владата и треба да бидат завршени до Нова година.

 22.11.2017, 12:30  | Xh.I. | 34

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

22397
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.