МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Владата има рок од 15 дена да ги достави амандманите до Собранието
Ципрас му честита на Заев за гласањето
Пратениците на СДСМ се откажаа од дискусија, се очекува гласање
Во „Монструм" било пукано со две пушки и пиштол
Македонија
Иванов: Албанскиот јазик е составен дел од културното богатство во Република Македонија

Иванов: Албанскиот јазик е составен дел од културното богатство во Република Македонија

среда, 22 ноември 2017, 12:13ч.   |   Xh.I.

Претседателот Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука, упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија.

„Денешниот ден, 22 Ноември, е поврзан со Битолскиот конгрес одржан далечната 1908 година на кој Албанци – интелектуалци од Балканот ја унифицирале албанската азбука. Создавањето на азбуката е еден од основните културни дострели и белег на националното идентификување на еден народ. Албанскиот јазик е составен дел од културното богатство во Република Македонија. Со неговото одбележување ние ги потврдуваме нашите заложби за градење на заедничка, подобра и посветла иднина“, се вели во честитката.

Меѓусебното почитување на разликите, вели Иванов, треба да биде поттик за меѓусебно зближување, а не за разединување во македонското мултиетничко општество.

„Како граѓани на нашата заедничка држава ние треба да се држиме заедно и да бидеме пример како заеднички се работи за доброто на Република Македонија, бидејќи само сплотени околу државните интереси ќе успееме да се справиме со предизвиците. Во оваа пригода на припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија сакам да им го честитам Денот на азбуката, а на сите граѓани сакам да им порачам дека само со негување и со вреднување на нашите културни и јазични различности ќе успееме да изградиме просперитетна иднина, иднина за сите граѓани во Република Македонија“, пишува во честитката.

© ЖУРНАЛ    ~96,32

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
Јорданов: Ми извадија список дека должам 30 милиони евра
Денко Малески: Кој ни гарантира дека ке останеме Македонци во Северна Македонија?
Лицитација со вмровските пратеници
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
ВМРО-ДПМНЕ го разреши реформаторот Петар Богојески од функцијата заменик генерален секретар
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.