Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Опожарен кафе барот „Ориентал АС“ во Жеровјане

Името на маса по Нова година
Могерини со инструкции за премиерите од Западен Балкан
Поништен конкурсот за јавни обвинители
Кривичен неделава полн со предмети од СЈО

Црна хроника

Опожарен кафе барот „Ориентал АС“ во Жеровјане
lokal.jpg

Тетово, 20 ноември- Три милиони денари изнесува штетата во кафе – барот „Ориентал АС“ во тетовско Жеровјане откако вчера околу 6 часот од засега неутврдени причини избувнал пожар во објектот, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Сопственик на „Ориентал АС“ е  А.А.(47) од Боговиње и во моментот на пожарот локалот бил затворен и во него немало никој.

Опожарен е западниот дел од објектот-ноќниот клуб и значително  е оштетен целиот инвентар во неговата внатрешност -  маси, мебел, телевизори, музички системи и друго  додека другите простории биле видливо зачадени. Пожарот бил пријавен од вработен во кафе – барот по што уследила брза интервенција на тетовските пожарникари кои го локализирале огнот. Извршен е комплетен увид и се утврдува причината за пожарот, околностите и се друго  додека вкупната материјална штета се проценува на околу три милиони денари, рече Јосифовски.

 20.11.2017, 12:19  | L.E. | 43

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

22263
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.