Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Пожар во куќа во кумановската населба „Перо Чичо“

Шекеринска за "Different": Македонија се извлече од Балканската кал, граѓаните немат ..
Ангелов: Саздо не го убија Албанци, го убија три свирепи, злобни и сурови лица
Димовски: За избор на ДИК треба политичко усогласување
Алијансата за Албанците со решенија за спречување на лекарите да ја напуштаат држават..

Црна хроника

Пожар во куќа во кумановската населба „Перо Чичо“
poy.jpg

Куманово, 17 ноември - Изгоре дел од куќа во пожар што избувна претпладнево во Куманово, информира Територијалната противпожарна единица од Куманово.

Предниот дел од куќата бил направен од дрво и греди, а пожарот бил пријавен во 10:30 часот. Опожарената куќа се наоѓа на улицата „Трајко Прокопиев“ во кумановската населба „Перо Чичо“.

- Интервенираше противпожарна екипа со едно противпожарно возило. Пожарот, навреме е пријавен и изгаснат за скоро два часа, изјави командирот на ТППЕ, Дејан Илиевски.

На местото на настанот излезена е и увидна екипа од СВР Куманово, по што ќе се утврди причината за пожарот и ќе се процени материјалната штетa.

 17.11.2017, 12:32  | L.E. | 88

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

39543
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.