МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Владата има рок од 15 дена да ги достави амандманите до Собранието
Ципрас му честита на Заев за гласањето
Пратениците на СДСМ се откажаа од дискусија, се очекува гласање
Во „Монструм" било пукано со две пушки и пиштол
Xроника
Тетовец приведен по пронајдено оружје во неговата куќа

Тетовец приведен по пронајдено оружје во неговата куќа

четврток, 16 ноември 2017, 14:26ч.   |   L.E.

Тетово, 16 ноември- Полициски службеници од Тетово го привеле М.Д. (53), откако пронашле поголемо количество оружје по претресот на неговата куќа во Старо Село, извршен вчера, по судска наредба.

При претресот биле пронајдени и одземени, сандак во кој имало 38 пакети со по 15 куршуми калибар 7,62 мм долго зрно (вкупно 570 куршуми), две бомби кашикари (едната со запалка, едната без запалка), пиштол „ЦЗ-99“ калибар 9 мм со една рамка со два куршуми, кој го поседувал со дозвола, 195 куршуми калибар 7,62 мм.

Потоа во ловџиски елек биле пронајдени 20 куршуми непознат калибар,  во чанта биле пронајдени 49 куршуми непознат калибар, 17 куршуми кал.7х56, 31 куршуми калибар 7,9мм, шест  патрони од ловечка пушка калибар 16 мм, 96 куршуми долго зрно непознат калибар, како и две празни рамки за пиштол марка „ЦЗ-99“ и еден карабин со снајпер (оптички нишан) марка „ТАС“ калибар 8х57 мм кој го поседувал со дозвола.

Сите наведени предмети биле одземени со потврда за привремено одземени предмети. М.Д. бил задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

© ЖУРНАЛ    ~117,39

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
ВИДЕО: Страотни снимки од БМВ-то кое удри во столб под стоковна куќа „Мост
Возило удри во жена на „Партизанска“
23-годишно момче пронајдено мртво во хотел кај Качанички пат
Ограбена обложувачница во Маџари, вработената го испланирала грабежот
Четири лица уапсени на аеродромот во Охрид
Тројца тешко повредени во сообраќајка кај Циментара
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.