Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Грк со автомобил усмртил пешак во Битола

Името на маса по Нова година
Могерини со инструкции за премиерите од Западен Балкан
Поништен конкурсот за јавни обвинители
Кривичен неделава полн со предмети од СЈО

Црна хроника

Грк со автомобил усмртил пешак во Битола
vv.jpg

Битола, 16 ноември- Државјанин на Грција, со автомобил „Мерцедес“, удрил во 67-годишна битолчанка која починала на лице место. Возачот бил приведен и е задржан во Полициска станица.

Како што информираат од МВР, на крстосницата од улиците „Македонски гемиџии“ и „Буримечка“ во Битола вчера околу 19:30 часот  се случила сообраќајна незгода во која С.Т. (56) од Флорина-Република Грција, управувајќи патничко возило „Мерцедес Ц220“ со грчки регистарски ознаки, удрил во пешакот П.Н. од Битола, која починала на самото место на настанот.  Смрт била констатирана од страна на екипа од Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатата ќе биде извршена обдукција, а С.Т. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Битола за понатамошна постапка.

 16.11.2017, 14:22  | L.E. | 39

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

22440
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.