МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Измените на Уставот в среда пред Уставниот суд
Заев: Верувам дека ќе обезбедиме двотретинско мнозинство за уставните измени
Иванов ќе се обрати во Собранието на 28 декември
Дедомразовци традиционално ќе трчаат во Скопје
Македонија
Продолжува собраниската расправа за законот за јазиците

Продолжува собраниската расправа за законот за јазиците

вторник, 14 ноември 2017, 09:19ч.   |   Xh.I.

Денеска во Собранието на Република Македонија треба да се продолжи расправата по Предлог-законот за употреба на јазиците во прво читање.

Дебатата за овој закон беше прекината пред почетокот на кампањата за локалните избори, а продолжи вчера.

За владејачкото мнозинство, законот ќе придонесе за зголемување на соживотот во државата, не го нарушува нејзиниот унитарен карактер и е во согласност со Уставот, додека за опозицијата не е уставен и неговата примена ќе доведе до двојазичност на целата држава.

Собранието по оваа, треба да ја продолжи 12. седница на чиј дневен ред се Предлог-законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија по скратена постапка, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување по скратена постапка, Предлог-законот за издавање вредносни бонови – ваучери по скратена постапка, сите три поднесени од Драган Данев, Илија Димовски и Невенка Стаменковска, како и Предлог-одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието на Република Македонија.

© ЖУРНАЛ    ~75,25

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.