Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Заев: На 20. или 21. ноември средба на Нимиц со преговарачите

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Македонија

Заев: На 20. или 21. ноември средба на Нимиц со преговарачите
zaev-cerar1-1.jpg

Премиерот Заев очекува на 20-ти или 21-ви ноември да се одржи првата средба меѓу преговарачите од Македонија и Грција со посредникот на Обединетите нации во решавањето на спорот со името, Метју Нимиц.

„Ова е навистина актуелно прашање и во Македонија. Логично беше по завршувањето на локалните избори, да се направи нов обид за решавање на овој суштествен или чувствителен проблем, кое што го има Република Грција со нашето уставно име, а коешто е истовремено пречка за нашите интегративни процеси. Процесите веќе почнуваат, на 20 или 21 Ноември очекуваме да се направи првата средба помеѓу преговарачите од двете земји, со медијаторот Метју Нимиц.

Во ноември очекуваме тие преговори да се интензивираат.

Ние во Македонија се обидуваме да изградиме национален консензус, сите, Претседателот на државата, Владата, опозицијата, но во функција на наоѓање решение, а не на негово одложување.

Навистина градиме пријателски односи и со Република Грција. И во ваква пријателска атмосфера, јас верувам лично, искрено, верувам дека може да се најде решение и на ова горливо прашање.

Македонија влегува во обид кој што се надевам дека ќе биде последен, со конечна цел, решавање на проблемот кој што Грција го има со нашето уставно име“, одговори Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев на новинарско прашање во однос на проблемот кој Република Грција го има со името на нашата земја, по средбата со премиерот на Република Словенија, Миро Церар.

 14.11.2017, 09:18  | Xh.I. | 24

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

11120
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.