Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Владата нема да иницира регулирање на порталите

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Македонија

Владата нема да иницира регулирање на порталите
14112017152433_web_mancevski.jpg

Владата нема да иницира промени во Законот за медиуми со кој би се регулирала работата на порталите, но е отворена за сугестии за законот доколку професионалните здруженија сметаат дека има потреба од тоа.

Ова го изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска одговорајќи на новинарско прашање по средбата со претставникот за медиуми во ОБСЕ Харлем Дизер.

- Промените во Законот за медиуми, ако има потреба, треба да дојдат по барање од медиумските работници. Мислам дека ни треба консензус како општество ако треба да го отвориме ова прашање, истакна Манчевски.

Тој додаде дека Маккедонија како земја има сериозен проблем со т.н. феик њуз или лажни вести.

- Ние сме извор на феи књуз на глобално ниво, но работиме заедно и веќе разговарав со претставникот за медиуми на ОБСЕ Харлем Дезир, но и со други наши помагачи како може ова прашање на глобално ниво да го адресираме. Ние како Македонија, како мала земја сме прилично голем играч во областа на феик њуз и во рамки на Глобалниот самит за Западен Балкан што ќе се одржи на пролет ќе има посебен панел само за ова. Ќе ги поканиме сите големи медиуми и меѓународни организации затоа што сакаме заеднички да го дебатираме, истакна министерот Манчевски.

 14.11.2017, 15:39  | Xh.I. | 45

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

11275
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.