МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Димитров: Од нас на 30 септември зависи нашата иднина и на нашите деца
Ексклузивно интервју на Канал 5 со министерот за култура Асаф Адеми
Ахмети од Куманово: Граѓаните да гласаат на референдумот, Македонија нема друга алтер..
МОСТ во извештај за референдумот го критикува апелот на Заев финансиски да се мотивир..
Македонија
За Ќосето, Мајка Тереза и Воин на коњ ќе одлучува владата

За Ќосето, Мајка Тереза и Воин на коњ ќе одлучува владата

понеделник, 13 ноември 2017, 15:39ч.   |   Xh.I.

Работната група до Министерството за култура ги доставила првите елаборати за споменици од проектот „Скопје 2014“ - за Андон Јанев Ќосето кај комплексот судови и за Мајка Тереза и Воин на коњ на плоштад „Македонија“. Тие ќе бидат проследени до Владата која ќе одлучи што понатаму со нив.

- Во овој момент работната група работи, дел од елаборатите се подготвени и ги разгледуваме надлежностите кои институции на локално или централно ниво треба да преземе - изјави министерот за култура Роберт Алаѓозовски, додавајќи дека процедурите се толку згрешени што е сложено и отплеткувањето кој е надлежен да преземе активности во однос на овие објекти поставени во главниот град.

Алаѓозовски, кој денеска учествуваше на конференција за програмата на ЕУ „Креативна Европа“, рече дека културното наследство не само што не било соодветно третирано, туку било злоупотребено.

- Така што многу актуелни градби, како скулптуралната композиција која носи чуден наслов Мајка Тереза беше погрешно финансирана од програмата за културно наследство, иако таму нема никакво културно наследство. Исто така и спорните градби на Плаошник. Ние ќе го заштитиме вистинско културно наследство. Обезбедивме средства за Трескавец, обезбедивме за Офицерскиот дом, ќе обезбедиме средства и за нашето најзагрозено културно наследство. Во таа смисла, „Скопје 2014“ е проект кој нема да дозволиме понатаму да се одвива или да ни влече финансиски средства, рече Алаѓозовски. 
 

© ЖУРНАЛ    ~120,40

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Журнал дознава кои министерства Заев му ги понудил на Мицкоски да биде дел од Владата
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на улиците и луѓе каков горат во кафези
Одбележани 16 години од убиството на двајца полициски резервисти во Гостивар
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
МВР со дупки во приказната за џипот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.