Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Засега 11 полицајци добија откази за „крвавиот четврток“

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Македонија

Засега 11 полицајци добија откази за „крвавиот четврток“
180254.jpg

Најмалку 11 полицајци добија откази, откако е докажано дека не постапиле според законите и правилата на МВР, а биле на работна задача кога во македонското собрание се случи „крвавиот четврток“, односно трагичниот 27 април. Избрканите од МВР биле само „публика“ додека насилниците беснееле пред нивни очи. Оваа бројка не е конечна, а според забрзаниот тек на истрагата откази ќе има и за нивни колеги и претпоставени, дознава Плусинфо.

Истрагата за крвавиот поход на насилниците во собраниските ходници и сали ја води Јавното обвинителтсво. Засега најмалку 10 лица се обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, а на четири години затвор веќе е осуден напаѓачот на пратеничката Радмила Шеќеринска.

 13.11.2017, 15:38  | Xh.I. | 1,281

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

11004
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.