Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Во Кочани се одржа манифестацијата „Нов град“

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Култура

Во Кочани се одржа манифестацијата „Нов град“
kocan_1.jpg

Кочани, 13 ноември- Во Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа заврши дводневната манифестација  насловена „Нов Град“ поделена на музичка вечер на која  настапија три македонски групи и филмска вечер – ревија на кратки македонски филмови и анимации.

На музичката вечер настапија групите К.Н.Н.Т - фуриозно електро-индустријал - панк дуо од Скопје составено од Марко Јанев на тапани и вокал и Иван Трајчев на синтисајзери и вокал,  „Sweet Rapscallions“ повеќечлен арт колектив од Битола кој создава авангарден, психоделичен  поп, како и групата „Anna O“ - кочански бенд, единствениот активен авторски бенд во градот.

На малата сала на Центарот за култура во Кочани синоќа беа прикажани проекциите  на македонски кратки филмови и анимации:„Чевли“ (2016) - Бранко Костески ,„Ќе дојдат децата“ (The Children Will Come) (2016) – Ана Јакимска,  „Човекот кој не беше таму“ (The Man Who Wasn’t There) (2017) и „Вистинската приказна за Хансел и Гретел“ (2010) – Гоце Цветановски, „Девојката што паѓа“ (2015) – Владимир Лукаш, „Кружното патување на Марето“ (2015) – Жарко Иванов, “Пепи и Муто“ (2015) – Георги Уковски,  “Конзо“ (2013) и “People’s Front” (2012) – Иван Ивановски, „Зелени ѕидови – црна храна“ (2015) – Сандра Ѓоргиева и филмот „Направи Сам“ (2013) – Андреј Георгиев.

Проектот „Нов Град“ е поддржан од Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“, а реализиран од здружението на граѓани  „Икигаи“ со помош на Општина Кочани и НУЦК „Бели Мугри“.

 13.11.2017, 12:59  | L.E. | 48

 

© ZURNAL.mk

 Култура 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

11038
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.