Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Кој е најсигурниот мал SUV? (Фото)

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Авто

Кој е најсигурниот мал SUV? (Фото)
suv_1.jpg

Тие „потфрлија“ во оваа студија во категоријата на мали SUV изданија, каде до неодамна беа водечки.

What Car? е една од најреномираните потрошувачки ориентирани автомобилски изданија во Велика Британија, а во овогодинешното истражување беа испитани над 14.000 сопственици на автомобили. Во најфасцинантниот и најбрзо растечки сегмент на пазарот – малиот SUV – шампион е дизел верзијата на Volkswagen Tiguan. Само 5% од нејзините сопственици пријавија проблеми во текот на изминатата година, а поголем дел од нив имале проблеми со електричниот систем што не влијае на работата на моторот. На втората позиција е и дизел варијантата – Ford Kuga, а трет е Škoda Yeti со бензински мотор (1.2 и 1.4). Сепак, добрите перформанси на Yeti се само за моделите произведени по 2013 година. Претставниците на оригиналниот модел, иако исто така на возраст до три години, покажуваат значително повеќе дефекти. Првите шест се дополнети со моделите на Kia и Mazda.

SUV
Изненадувачки, германските премиум понуди на BMW X1 и Mercedes-Benz GLA се мошне слабо рангирани. На дното се платформите Jeep Renegade и Fiat 500X, а неверојатно голем број дефекти беа пријавени од сопствениците на Nissan Qashqai и неговата новата генерација со бензински мотор.

Рангирањето според What Car? за мали SUV изданија

1. Volkswagen Tiguan дизел (2016- ) 96.3%
2. Ford Kuga дизел (2012- ) 92.8%
3. Škoda Yeti Outdoor бензин (2013- ) 92.7%
4. Kia Soul (2014- ) 88.9%
5. Mazda CX3-3 (2015- ) 88.2%
6. Kia Sportage дизел (2010-2016) 87.7%
7. Nissan Juke дизел (2010- ) 87.2%
8. Hyundai Tucson дизел (2015- ) 86.6%
9. Peugeot 2008 (2013- ) 86.1%
10. Vauxhall Mokka дизел (2012-2016) 85.6%
11. Suzuki Vitara (2015- ) 84.2%
12. Mini Countryman (2010-2016) 81.3%
13. Renault Kadjar дизел (2015- ) 79.4%
14. Audi Q3 дизел (2011- ) 78.7%
15. Audi Q3 бензин (2011- ) 77.1%
16. Citroen C4 Cactus (2014- ) 76.3%
17. Škoda Yeti Outdoor бензин (2013- ) 75.5%
18. Hyundai ix35 дизел (2010-2015) 75.4%
19. Volkswagen Tiguan дизел (2008-2016) 74.6%
20. Vauxhall Mokka бензин (2012-2016) 74.2%
21. Renault Captur дизел (2013- ) 73.9%
22. Dacia Duster дизел (2013- ) 71.3%
23. Honda HR-V (2015- ) 70.3%
24. Škoda Yeti (2009-2016) 70.0%
25. Renault Captur бензин (2013- ) 66.7%
26. BMW X1 дизел (2015- ) 62.9%
27. Mercedes-Benz GLA (2014-2017) 58.6%
28. Seat Ateca (2016- ) 56.2%
29. Nissan Juke бензин (2010- ) 55.2%
30. Nissan Qashqai дизел (2014- ) 44.2%
31. Jeep Renegade (2015- ) 42.1%
32. Fiat 500X (2015- ) 32.3%
33. Nissan Qashqai бензин (2014- ) 28.9%

 13.11.2017, 12:47  | L.E. | 57

 

© ZURNAL.mk

 Авто 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

11142
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.