Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Австриски фирми барат партнери за соработка во Македонија

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Економија

Австриски фирми барат партнери за соработка во Македонија
avs.jpg

Скопје, 13 ноември- Во најавениот нов закон за енергетика треба да се најде начин да се создадат услови во областа на фотоволтаиците да инвестираат и помалите домашни компании за што има интерес од нивна страна, укажуваат од Австриската стопанска комора во Македонија.

Инвестициите и соработката во енергетски решенија и услуги од областа на фотоволтаиците и складирање енергија се дел од  областите за кои на средба следната недела во Скопје ќе разговараат австриски и македонски фирми. Во Македонија ќе престојува бизнис делегација од Австрија составена од шест фирми од повеќе дејности,  а кои се во потрага по партнери за  соработка на македонскиот и регионалниот пазар, за заедничи настап на трети пазари, како и за застапување, најави денеска на прес-конференција Смилевски.

Како што информира, најголем е интересот за соработка со фирма од Австрија од областа на фотоволтаици. Дел од 15. домашни компании кои засега пројавиле интерес за соработка се директно вклучени и активни во оваа дејност во државава, а останатите се познати големи домашни фирми кои произведуваат нешто  и најверојатно бараат решенија за сопствено производство на електрична енергија.

- Во овој контекст сакам да ја напомнам важноста на носењето на новиот закон за енергетика и за обновливи извори на енергија и да се потврди некако големата заинтерсираност  на македонските фирми за инвестици во оваа област. Би било убаво со законот кој треба да се усвои на почетокот на наредната  година да се најде некако начин за инвестирање во фотоволтаици  од страна на македонските компании  но и во помали размерти. Да не биде тоа привилегија или можност само за големите компании. Би било одлично ако се најде можност и помали фирми да си го најдат својоето место во рамки на тој закон,  рече Смилевски.

Во Македонија, според најавата, следната недела ќе престојуваат и претставници на австриски фирми од областите: проектирање и изведба на индустриски хали и челични конструкции, добавувачи на системи за преработка  и пренесување минерални суровини, за производство на бетонски  постојки и транспортери за бетон, производство на првокласни сирења, системи за заштита од громови, за заштита од пренапојување и за заземјување.

- Значајно за македонските компании е што во рамки на соработката со австриските можат да го унапредат производството со нови технологии, знаење и отворање можности за заеднички настап на нови трети пазари, рече Јадранка Аризанковска од  Стопанската комора на Македонија.

Посетата на бизнис делегацијата од Австрија е дел од  заедничките активности на коморите за интензивирање на деловните средби за зголмеување на соработката, аде како предизвик се посочува трговската размена меѓу двете држави за која не се искористени потенцијалите.

Австрија е 18. трговски партнер на Македонија, а била 16. во 2016 година. Во првите девет месеци од годинава е евидентиран негативен биланс во трговската раземена од 54,3 милиони долари. Вкупната трговска размена од јануари до септември годинава изнесува 135,9 милиони долари, односно за пет проценти повеќе во однос на истиопт период лани. Извозот во тој период бил 42,6 милиони долари, за 30 проценти повеќе, а увозното салдо 96,9 долари  што пак е намалување за девет проценти споредено со истиот период минатата година.

Македонија и Австрија лани имале вкупна трговска размена од  174 милиони долари, за 0,9 проценти помалку во однос на 2015 година

 13.11.2017, 12:44  | L.E. | 73

 

© ZURNAL.mk

 Економија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

11036
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.