МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Димитров: Од нас на 30 септември зависи нашата иднина и на нашите деца
Ексклузивно интервју на Канал 5 со министерот за култура Асаф Адеми
Ахмети од Куманово: Граѓаните да гласаат на референдумот, Македонија нема друга алтер..
МОСТ во извештај за референдумот го критикува апелот на Заев финансиски да се мотивир..
Економија
Денеска одлука за стечајната постапка за „Фени Индустри“

Денеска одлука за стечајната постапка за „Фени Индустри“

понеделник, 13 ноември 2017, 12:43ч.   |   L.E.

Скопје, 13 ноември- Во текот на денешниот ден ќе се знае судбината на металуршкиот комбинат „Фени Индустри“ од Кавадарци. За денеска во Основниот суд во Велес е закажно рочиште на кое ќе се одлучува за отворање стечајна постапка во комбинатот, а и бугарски „Енекод“ до денеска има рок да достави нова подобрена понуда до банките, најголеми доверители во „Фени“. 

- Се очекува до понеделник „Енекод“ да даде подобрена понуда кон банките, но  и доколку тоа не се случи повторно сум оптимист дека и преку судска постапка ќе настане реактивирање на Фени за месец и половина до два. За компанијата има повеќе заинтересирани инвеститори, а погодува и цената на фероникелот која во моментов расте, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во петокот.

Претседателот на Синдикалната организација на „Фени“ Ѓоре Палитов, пак, во петокот за МИА потврди дека е ставен во мирување дводневниот протест на работниците од „Фени индустри” поради покренатата стечајна постапка  и се чека понудата на бугарскиот инвеститор и ставот на банките доверители.

- Во исчекување сме. Во понеделник е закажано судското рочиште во врска со барањето за стечај од страна на банките доверители. Тогаш ќе се знае дали и каква понуда ќе достави до банките заинтересираниот бугарски инвеститор и каков ќе биде ставот на доверителите, нагласи Палитов.

Дури потоа, рече, работниците ќе одлучат што понатаму, дали повторно ќе протестираат или не. Тие во изминатиот период протестираа пред филијалите на трите банки најголеми доверители и го блокираа патот Росоман-Прилеп.

Привремениот стечаен управник на „Фени Индустри“ Мирослав Анастасиевски порача дека отворање на стечајна постапка во овој момент е единствен начин за зачувување на имотот, спречување на настанување на штети и изнаоѓање на најбрзо можно решение за рестартирање и ангажирање на вработените во одржување на технолошкиот минимум, со изнаоѓање на нов стратешки инвеститор и брз премин кон нормално функционирање. 

„Фени Индустри“ има долг од околу 60 милиони евра од кои 40 милиони им должи на Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и Силк роуд банка АД Скопје. Трите банки како најголеми доверители покренаа стечајна постапка за компанијата.

© ЖУРНАЛ    ~100,34

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
НБРМ ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени
НБРМ: Падот на турската лира нема да се одрази врз македонската економија
Дали растот од три проценти е преоптимистичен?
ФОРДОМАНИЈА завладеа и во Македонијa
Македонецот годишно јаде под килограм сладолед, во ЕУ шест
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.