Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Еден загинат и 23 повредени викендот во сообраќајки во Скопје

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Црна хроника

Еден загинат и 23 повредени викендот во сообраќајки во Скопје
aks_8.jpg

Скопје, 13ноември– Едно лице загина, едно е потешко повредено, а 22 се полесно повреди во 13 од вкупно регистрирани 27 сообраќајки во тек на изминатиот викенд на територијата на Скопје. Во 14  собраќајки е причинета материјална штета.

Како што информира МВР, во петокот сообраќајната полиција извршила увид на шест сообраќајни незгоди, од кои во три полесно биле повредени осум лица, а во три е причинета материјална штета.

Во саботата се регистрирани 16 сообраќајни незгоди, при што во седум незгоди се повредени 11 лица,  а во останатите материјална штета.

Во една од петте регистрирани несреќи вчера загинало едно лице, а во други две се повреди три лица. Две сообраќајки поминале само со материјална штета.

МВР информира дека сообраќајната полиција во тек на изминатите три дена открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто дваесет возачи биле исклучени од сообраќај поради управување на возилото под дејство на алкохол, 124 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца поминале на црвено светло на семафор, двајца  не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 65 возачи кои го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола. Санкционирани биле и 83 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор. Затекнати биле и 112 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети биле 133 возила.

Како дел од сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од трето одделение во ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец.

 13.11.2017, 12:13  | L.E. | 42

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

11222
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.