МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Димитров: Од нас на 30 септември зависи нашата иднина и на нашите деца
Ексклузивно интервју на Канал 5 со министерот за култура Асаф Адеми
Ахмети од Куманово: Граѓаните да гласаат на референдумот, Македонија нема друга алтер..
МОСТ во извештај за референдумот го критикува апелот на Заев финансиски да се мотивир..
Економија
ЕК: Економскиот раст на Македонија годинава 1,7 отсто, догодина 2,7

ЕК: Економскиот раст на Македонија годинава 1,7 отсто, догодина 2,7

петок, 10 ноември 2017, 12:01ч.   |   L.E.

Брисел, 10 ноември – Европската комисија во најновиот есенски економски извештај предвидува дека Македонија годинава ќе ја заврши со економски раст од 1,7 отсто.

Во извештајот се вели дека економските движења и инвестициите во првото полугодие се намалиле поради продолжената политичка криза, но, како што се наведува, со новата Влада која дојде во јуни и која најавува дека е посветена на спроведување структурни и фискални реформи и поддршка на домашната побарувачка и вработувањата, се очекува интересот на инвеститорите да се врати, а економската активност да зајакне.

За наредната година ЕК прогнозира раст на македонскиот БДП од 2,7, а во 2019 година од 3,2 отсто. Се предвидува и натамошен раст на вработувањето и намалување на стапката на невработеност догодина на 21,4, а во 2019 на 21 отсто.

ЕК има оптимистички прогнози за развојот на македонската економијата и очекува на растот на БДП најмногу да влијае домашната побарувачка и потрошувачка. Позитивно влијание ќе има и зголемувањето на минималните плати, како и јавните инвестиции.

Економскиот раст, според ЕК, може повторно да биде забавен во случај на повторно влошување на политичката ситуација која, како што оценува, останува кревка, но сепак, ризикот за тоа сега е многу помал отколку во првата половина од годинава.

Европската комисија нотира и дека Владата планира значителен раст на економијата на среден рок и воведување активни мерки на пазарот на труд, како и натамошна фискална консолидација.

Фискалната одржливост може да биде загрозена ако Владата ги зголеми трошоците за субвенции и плати без истовремено спроведување на трајни мерки за консолидација, оценува ЕК во есенскиот економски извештај.

© ЖУРНАЛ    ~84,28

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
НБРМ ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени
НБРМ: Падот на турската лира нема да се одрази врз македонската економија
Дали растот од три проценти е преоптимистичен?
ФОРДОМАНИЈА завладеа и во Македонијa
Македонецот годишно јаде под килограм сладолед, во ЕУ шест
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.