Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

МАМА’С добитник на два златни медала на саемот во Софија

Почина ексминистерот за животна средина Абдилаќим Адеми
ЕВН ги санираше дефектите на среднонапонско ниво
Судскиот совет ќе расправа дали да поведе постапка за разрешување судија
Стојан Андов за грчки „Етнос“: Да се изолираат националистите

Економија

МАМА’С добитник на два златни медала на саемот во Софија
sofi_3.jpg

Скопје, 10 ноември- Традиционалното тавче гравче и корнишоните на македонскиот бренд МАМА’С се закитија со два златни медала и Диплома за квалитетен и оригинален пазарен производ на меѓународниот саем што од 8 до 11 ноември се одржува во Интер експо центарот во Софија, во конкуренција на повеќе од 420 изложувачи.

- Награда е само дополнителна потврда за квалитетот и оригиналноста на нашите производи. Како бренд кој ја претставува македонската, но и балканската кујна, целосно сме вложени во развој на производи кои ќе ги задоволат вкусовите и на најпребирливите потрошувачи, изјави Калин Бабушку, бренд менаџер на МАМА’С.

Наградата, додаде, за нас е голема обврска да бидеме уште подобри и да ги прошируваме пазарите каде можат да се најдат нашите традиционални производи. 

МАМА’С лани на истиот саем доби златни медали за ајварот и домашната лутеница, а досега има добиено и други награди и признанија за своите производи, меѓу кои и за Топ Деликатесни производи во Чешка, како и годинашната награда „Креатори на столетието“ во Дубровник.

 10.11.2017, 12:01  | L.E. | 39

 

© ZURNAL.mk

 Економија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

15505
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.