Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Претстави од седум земји на 11.фестивал „Скупи“

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Култура

Претстави од седум земји на 11.фестивал „Скупи“
kult_2.jpg

Скопје, 9 октомври- Под мотото „За здрав дух“ од 12-ти до 18 октомври ќе се одржува 11. Меѓународен театарски фестивал „Скупи“ на кој ќе бидат изведени седум претстави од Албанија, Русија, Косово, Израел, Србија, Иран и од Бугарија.

Фестивалот во четврток ќе биде отворен со претставата „Куќата на Бернарда Алба“ од Лорка во режија на Ќендрим Ријани, на театарот „Андон Чајупи“ од Корча, Албанија. Отворањето ќе биде во Сули ан во 20 часот.

Во наредните денови фестивалот ќе се одржува во Младинскиот културен центар каде ќе гостуваат претставите: „Ѕверот“ на театарот „У Моста“ од Перм, Русија; „Маченик“ на Градскиот театар од Ѓаковица, Косово; „Пуши како маж“ од Тел Авив - монодрама инспирирана од животот на Фрида Кало; „Визии од сребрениот век“ на Центарот за културна деконтаминација од Белград; „Зборувај, Медеја“ на театарската компанија „Јирјирак“ од Техеран и, на последниот фестивалски ден - „Слугинките“ на Националниот театар „Иван Вазов“ од Софија.
- Ќе се обидеме да ја одржиме традицијата и да покажеме театри кои не сме ги виделе досега, и некои што ги знаевме, а мислиме дека е добро да ги видиме, а што не сме ги гледале на другите фестивали. Во таа смисла, имаме навистина што да ви понудиме, рече селекторот на фестивалот Сенко Велинов денеска на прес-конференција.
На програмата, рече тој, не ставаат македонски претстави затоа што публиката нив може да ги види на редовниот репертоар на театрите, а за нив, рече, има и посебен фестивал - МТФ „Војдан Чернодрински“.
- Кога македонски претстави играат на домашни фестивали значи алиби. Фестивалите си пополнуваат простор за да ги оправдаат некако и времето, и парите, додаде Велинов.
Како и во минатите изданија, на „Скупи 2017“ ќе биде доделена една награда - Гран-при за најдобра претстава, за која ќе одлучува тричлено жири во состав: Веби Ќерими, Ѓорѓи Јолевски и Лука Кортина. 

 09.10.2017, 13:39  | L.E. | 18

 

© ZURNAL.mk

 Култура 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

30858
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.