Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Отворен 20. меѓународен фестивал „Денови на комедија“

ДПА со поддршка на договорот со Грција и најава за партиски коногрес на почетокот од ..
Пендаровски: Грција нема да го прекрши Договорот
Шекеринска за "Different": Македонија се извлече од Балканската кал, граѓаните немат ..
Ангелов: Саздо не го убија Албанци, го убија три свирепи, злобни и сурови лица

Култура

Отворен 20. меѓународен фестивал „Денови на комедија“
KOMEDIIII.jpg

Куманово, 3 октомври- Со изведба на претставата „Целото тело тука ме боли“ во изведба на театарот Јазавац од Бања Лука, Босна и Херцеговина синоќа беше отворен 20. меѓународен фестивал „Денови на комедија 2017“. На фестивалот ќе бидат изведени 15 комедии од Македонија и државите од соседството.

- Фестивалската вечер 20 години успешно опстојува и ги привлекува љубителите на комедијата. Годинава по две претстави има од Србија, Бугарија, една од Косово, а останатите се од Македонија, изјави директорот на Центарот за култура Роберт Цветковски.

Организаторот очекува добра посетеност на претставите, како и претходните годинни.

Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски, кој истакна дека фестивалот на комедијата се одржува во градот кој е познат како град на комедијата и сатирата.

- Локалната самоуправа не случајно е дел од овој фестивал, кој нуди петнаесет претстави. Се надевам дека ќе побуди интерес кај публиката, рече Дамјановски.
Јубилејното издание ќе го затвори премиерата „На погрешно место во погрешно време“ на Кумановскиот театар. Фестивалот „Денови на комедија“ се одржува со поддршка на Министерството за култура и локалната самоуправа. Претставите почнуваат во 20 часот.

 03.10.2017, 13:04  | L.E. | 102

 

© ZURNAL.mk

 Култура 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

11072
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.