Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

За чиста кожа: 3 методи за отстранување темни дамки

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Здравје

За чиста кожа: 3 методи за отстранување темни дамки
LEKURE.png

Темните кожни дамки, исто така познати како “хиперпигментација”, може да бидат резултат на изложување на сонце, возраст и акни. Иако на никој начин не штетат на здравјето, тие дефинитивно не изгледаат добро на лицето.

Добрата вест е дека можеме да влијаеме на темните дамки на кожата со некои состојки пронајдени во кујната.

1. Сок од лимон

Сокот од лимон има природни својства за белење што може да помогнат да се намали појавата на темни дамки со осветлување на кожата.

Втријте свежо исцеден сок од лимон врз темните дамки и оставете го така за околу 10 минути, а потоа исплакнете со вода. Оваа постапка треба да се прави 3 пати неделно.

Сокот од лимон ја суши кожата и ја влошува чувствителноста кон сонцето, па затоа после третманот е важно да нанесете крем и производ за сончање на кожата.

2. Црвениот кромид

Кромидната киселина има природни својства на осветлување на кожата кои можат да помогнат во борбата против темните дамки. Исцедете го сокот од кромид, потоа нанесете го со памук на темни дамки. Нека дејствува околу 10 минути, а потоа исплакнете.

3. Лук

Исечете две лукчиња и тријте на засегнатата кожа. Исто така е можно да се направи преврска со памук и паста од лук на кожата. Оставете го на кожата околу 30 минути, а потоа измијте го.

 03.10.2017, 13:14  | L.E. | 73

 

© ZURNAL.mk

 Здравје 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

30978
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.