Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

„Тојота“ ја затвора својата фабрика во Австралија

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Авто

„Тојота“ ја затвора својата фабрика во Австралија
to.jpg

Сиднеј, 3 октомври- Јапонскиот производител на моторни возила „Тојота“ денеска ја затвора својата фабрика во Мелбурн, каде се произведуваа автомобили повеќе од 50 години, јави ДПА.

Ова ќе доведе до затворање на 2.600 работни места. Министерот за индустриско производство на државата Викторија, Вејд Нунан изјави дека денеска е „ужасно тажен ден" и „крај на една ера во производството" во државата.

Слични зборови употреби и синдикалниот лидер Дејв Смит, кој рече дека ове е „многу трагичен ден за Викторија, бидејќи го означува крајот на автомобилската индустрија".

Тојота, која започна со производство на автомобили во Австралија во 1963 година, е вториот производител на автомобили што ги затвори своите капацитети во земјата во изминатите две години. „Форд" стави крај на своето производство минатата година откако работеше во Австралија 91 година.

 03.10.2017, 12:26  | L.E. | 33

 

© ZURNAL.mk

 Авто 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

30988
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.