МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Измените на Уставот в среда пред Уставниот суд
Заев: Верувам дека ќе обезбедиме двотретинско мнозинство за уставните измени
Иванов ќе се обрати во Собранието на 28 декември
Дедомразовци традиционално ќе трчаат во Скопје
Здравје
Научниците открија нов тип на дијабетес

Научниците открија нов тип на дијабетес

вторник, 31 октомври 2017, 12:32ч.   |   L.E.

Поголемиот дел од луѓето имаат слушнато за дијабетес тип 1 и тип 2. Меѓутоа, научниците неодамна откриле и нов тип на оваа болест.

Станува збор за дијабетес тип 3c, кој е предизвикан од оштетување поради воспалување, тумор или операција на панкреасот.

Оштетувањето на тој орган не само што влијае на способноста за производство на инсулин, туку и на протеини кои се потребни за варење на храната, како и други хормони.

Најновото истражување покажало дека многу случаи на дијабетес 3c биле погрешно дијагностицирани како тип 2.

Само три проценти од повеќе од два милиони испитаници, имале точна дијагноза дијабетес 3c. На изненадување на научниците, тој тип на дијабетес бил 1.6 отсто почест во однос на дијабетес тип 1.

Инаку, дијабетес тип 2 настанува поради неможноста на панкреасот да му ја испрати потребната количина на иснулин на телото.

Чето се поврзува со дебелина и нездрав начин на живот.

Помали истражувања покажале дека поголемиот дел од пациентите со дијабетес тип 3c имаат потреба од инсулин, но и од ензими за варење во вид на суплементи.

© ЖУРНАЛ    ~165,57

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
Како влијаат хорор филмовите на здравјето?
Жед за кафе – недостаток на сол и железо во телото
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.